Производител чии Android box уреди се поврзани со милиони телевизори, се покажа дека го користи своето присуство на пазарот за нелегални активности.
Компанијата MECOOL ги продава своите евтини ТВ-уреди на страници како Amazon и AliExpress, но постојано се покажува дека ако нешто е евтино, веројатно има „цака“.
Во овој случај, „цаката“ е всушност дупка во системот што е намерно оставена, што овозможува создавање мрежа на ботови преку уредите на MECOOL. Мрежата опфаќа повеќе од 1,3 милиони уреди, а Google издаде соопштение по овој повод.
„Веруваме дека мрежата на ботови и backdoor се развиени, објавени и управувани за финансиска добивка од Videostrong Technology“, објасни Google во блог пост.
Напаѓачите, се додава, извршиле дејства како што се снимање снимки од екранот, извлекување чувствителни информации и извршување скрипти и команди на „заразените“ телевизори.
Истиот малициозен софтвер е пронајден на различни места со години, а според мапата објавена од Google, погодени се пазари од Мексико до Русија, пишува Android Authority.
Доколку случајно користите MECOOL Android уред, ве советуваме да извршите фабричко ресетирање и да преминете на друг бренд, а Google сигурно изјави дека му забранил на овој производител да произведува уреди со претходно инсталирани Google апликации во иднина.