Научници ја потврдија приказната за Ханибал и слоновите преку Алпите

Коска од слоново стапало пронајдена од археолози за време на ископувањата во Јужна Шпанија би можела да биде доказ дека група воени слонови марширале низ древна Европа.

Според академиците, ова би бил првиот конкретен доказ за легендарните воени слонови на картагинскиот генерал Ханибал.

Извештаите за војната на Ханибал против Римјаните долго време сугерираат дека животните биле користени во борба, но нема цврсти докази што ги поткрепуваат овие теории, пишува BBC.

Сега се чини дека скелетни остатоци од животните се пронајдени на локалитет од железното време во близина на Кордоба.

„Надвор од слонова коска, откривањето на остатоци од слонови во европски археолошки контексти е исклучително ретко“, вели тимот научници во труд објавен во Journal of Archaeological Science: Reports.

Ханибал, кој често се смета за еден од најуспешните воени команданти на сите времиња, ја повел својата војска од моќниот царски град Картагина, во денешен Тунис, во Европа.

Картагина и Рим воделе три војни познати како Пунски војни помеѓу 264 и 145 година п.н.е., борејќи се за контрола на Медитеранот.

Се смета дека Ханибал водел војници и животни од Картагина преку Шпанија и Франција за да ја нападнат Италија, преминувајќи ги Алпите со 37 слонови во 218 година пред новата ера.

Се верува дека остатоците пронајдени во Шпанија се од животно кое умрело пред да стигне до Алпите.

Археолозите, предводени од професорот Рафаел М. Мартинес Санчес, ја пронашле слоновата коска под урнатиот ѕид на локалитетот Колина де лос Кемадос. Користеле радиојаглеродно датирање за да ја проценат староста на коската во облик на коцка од 10 сантиметри.

Резултатите ги довеле до заклучок дека коската датира од Втората пунска војна, помеѓу крајот на III и почетокот на II век пред новата ера.

Тие, исто така, ја споредиле со коските на современите слонови и степските мамути за да утврдат на кој вид припаѓа. За време на ископувањето во 2020 година, тимот, исто така, пронашол „артилерија“, монети и грнчарија, што дополнително сугерира дека тоа било место на битка.

„Како неавтохтони видови и најголеми копнени животни, овие увезени ѕверови мора да биле транспортирани со брод“, наведоа академците.

Додаваат дека е малку веројатно дека мртви животни биле транспортирани, а самите коски не се привлечни, што укажува дека не биле користени како украси или за занаетчиски цели.

Научниците истакнуваат дека ќе биде многу тешко да се утврди на кој вид слон му припаѓало ова животно.

„Иако [коската] не би претставувала еден од митските примероци што Ханибал ги понел преку Алпите, таа потенцијално би можела да претставува прва позната реликвија – толку барана од современите европски научници – од животни што се користеле во пунските војни на Рим за контрола на Медитеранот“, заклучуваат научниците во својот труд.

Кога сме кај Пунските војни, верувале или не, Третата пунска војна официјално завршила дури во 1985 година.

реклама

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Read more

Што може новата ракета што Американците за прв пат ја употребија во Иран?

Read more

Почна сезоната на млад кромид: Зошто треба почесто да го јадете?

Read more

Црна Месечина до 20 март: Кои хороскопски знаци се на удар на Лилит?

Read more

Вести

Скопје повторно „Crazy for AI“: Вештачката интелигенција ја менува креативната индустрија

Read more

Зошто не можеме да ги чуеме вонземјаните? 

Read more

Бил Гејтс доби дозвола за револуционерен нуклеарен реактор

Read more

Nvidia речиси целосно го контролира пазарот на графички картички

Read more
 

Гик

Лаптопите можно е да поскапат и до 40% годинава

Читај повеќе

Скопје повторно „Crazy for AI“: Вештачката интелигенција ја менува креативната индустрија

Читај повеќе

Што имало во ковчегот што пред 127 години паднал „од небо“?

Читај повеќе

Зошто не можеме да ги чуеме вонземјаните? 

Читај повеќе

Sony ги налути гејмерите: Што е со цените?

Читај повеќе

Бил Гејтс доби дозвола за револуционерен нуклеарен реактор

Читај повеќе

Суперкомпјутер разби голема заблуда за Сонцето: Не се однесува како што верувавме со децении

Читај повеќе

Nvidia речиси целосно го контролира пазарот на графички картички

Читај повеќе

Apple револуција: iPhone веќе никогаш нема да биде ист

Читај повеќе