Неочекуван проблем: Ветроелектраните си крадат ветер една на друга

Терминот е малку погрешен бидејќи не можете да украдете нешто што не може да се поседува - а ветерот никој не го поседува.

Со проширувањето на ветерните фарми (ветроелектрани), може да се случи некои да „крадат“ ветер од други, што во некои земји го зголемува сомневањето дека нема да можат да ја исполнат поставената цел од нето нула.

Станува збор за идеална состојба во која количината на стакленички гасови (GHGs) испуштени во атмосферата на Земјата е избалансирана со количината на отстранети штетни гасови. Треба да се вложат одредени напори во декарбонизацијата за да се достигне нето нула.

Бидејќи низ целиот свет брзо се развиваат офшор ветроелектрани за да се исполнат сите овие климатски цели, еден загрижувачки феномен привлекува сè поголемо внимание: под одредени услови, ветерните фарми можат да „крадат“ ветер едни од други, пишува BBC.

„Ветроелектраните произведуваат енергија, а таа енергија се зема од воздухот. А, земањето енергија од воздухот доаѓа со намалување на брзината на ветерот“, објаснува Питер Бас, истражувач во холандската компанија Whiffle, која се занимава со обновливи извори на енергија и временски прогнози.

Ветерот е побавен зад секоја турбина отколку пред неа, а исто така и зад целата ветерна фарма во споредба со областа пред неа, објасни тој.

„Тоа се нарекува ефект на вител (wake effect)“, рече Бас.

Едноставно кажано, додека турбините се вртат и ја собираат енергијата од ветерот, тие создаваат вител и го забавуваат ветерот зад нив. Овој вител може да се прошири повеќе од 100 километри кај големите офшор ветроелектрани, во зависност од временските услови.

Меѓутоа, ако ветроелектрана се наоѓа веднаш до друга ветроелектрана, нејзиното производство на енергија може да се намали за повеќе од 10%, покажуваат истражувањата.

Овој феномен колоквијално се нарекува „кражба на ветер“, иако, како што истакнува норвешкиот адвокат Еирик Финсерос, специјализиран за ветерна енергија на море, „терминот е малку погрешен бидејќи не можете да украдете нешто што не може да се поседува - а никој не го поседува ветерот“.

Сепак, истакнува дека овој феномен може да има голем број негативни последици за инвеститорите, па дури и може да предизвика проблеми меѓу земјите.

Моментално има неколку спорови меѓу инвеститорите во ветроелектрани околу наводна кражба на енергија од ветер , што предизвикува загриженост во земјите кои се потпираат на ветер за да ги исполнат климатските цели.

Иако проблемот со кражбата на енергија од ветер е познат долго време, станува сè посериозен поради обемот и брзината на развој на ветроелектраните, како и нивната големина и густина.

Во Северното Море, кое доживува бум во овој поглед, се очекува влијанието на овие вители врз производството на енергија да расте во наредните децении, бидејќи морето станува сè повеќе пренатрупано со ветерни турбини, покажува симулацијата на Бас и истражувачите од Технолошкиот универзитет во Делфт и Кралскиот холандски метеоролошки институт.

Колку е погуста и поголема ветерната фарма, толку е посилен ефектот на вителот, вели Бас.

Нов истражувачки проект започнат во Обединетото Кралство оваа пролет има за цел да обезбеди појасна слика за ефектот на вителот со цел да се подобри планирањето и да се избегнат потенцијални спорови.

Проектот ќе ги моделира вителите и нивното влијание врз производството на енергија до 2030 година, кога ќе има илјадници повеќе турбини во британските води отколку денес, вели раководителот на проектот Пабло Уро од Универзитетот во Манчестер.

„Со години ги гледаме ефектите од вителите и знаевме дека се случуваат. Проблемот е што, за да постигнеме нето нула, мора да инсталираме трипати поголем капацитет отколку што имаме сега. Ова значи дека за помалку од пет години мора да инсталираме илјадници нови турбини. Некои од нив ќе бидат многу блиску до постојните, па просторот станува сè позатнат. Затоа 'кражбата на ветер' сега почнува да има поголемо влијание“, смета Уро.

Обединетото Кралство вети дека ќе произведува доволно енергија од обновливи извори, како што е ветерот, за да ги задоволи потребите на целата земја до 2030 година. Затоа Владата, во документ од оваа година, ја нагласи потребата од подобро разбирање на овој феномен, кој го опишува како „нов предизвик што создава неизвесност во планирањето“.

Морските алги ќе се одгледуваат на околу 18 км од брегот на Јужна Холандија, во неискористен простор помеѓу 139 ветерници, секоја со моќност од 11 мегавати.

Во моментов во Обединетото Кралство има неколку спорови меѓу инвеститорите околу потенцијална кражба на енергија од ветер, вели Уро.

Овие спорови, според него, се делумно резултат на неизвесноста околу вистинскиот опсег на вителот. Исто така, ветерните фарми често се градат во кластери, па затоа е тешко да се предвиди како тие меѓусебно ќе влијаат едни на други.

„Кога имате две ветерни фарми, лесно е да се процени нивната интеракција. Но, што ако имате шест? Како тие влијаат едни на други? Тоа сè уште не го знаеме... Но, дефинитивно ќе се случи. Друг проблем е големината на турбините“, забележува тој.

Турбините стануваат сѐ поголеми, а нивните лопатки се подолги за да соберат повеќе енергија. Најновите турбини имаат лопатки долги над 100 метри - долги колку фудбалско игралиште. Една од најголемите турбини може да снабдува околу 18.000 до 20.000 просечни европски домаќинства. Но, зголемувањето на големината може да ја влоши кражбата на ветер, бидејќи поголемиот дијаметар на роторот создава подолг вител.

Борба за најдобрите ветровити локации?

Финсерос ги анализирал регулативите и ефектите од ваквите феномени за време на неговите докторски студии на Универзитетот во Берген.

Неговата студија покажува како ветроелектрана во Норвешка може негативно да влијае на ветроелектрана „низводно“ во Данска. Предупредува дека доколку проблемот не се реши, може да се појават правни и политички конфликти.

„Северното Море и Балтичкото Море веројатно ќе станат центар на огромен развој на офшор ветроелектрани. Затоа, овој проблем сигурно ќе има големо влијание врз енергетската транзиција во регионот“, истакна тој.

Од инвестициска перспектива, дури и малите кражби на енергија од ветер можат да создадат проблеми.

Како што истакнува, изградбата на офшор ветроелектрани е исклучително скапа поради обемот на проектот и дополнителните трошоци. За да ги оправда инвестициите, инвеститорот мора да биде сигурен дека ветроелектраната ќе произведува енергија во следните 25-30 години. Неочекуваното намалување на производството би го направило проектот непрофитабилен.

Доколку земјите или операторите се обидат да ги избегнат овие ефекти со зафаќање на најдобрите локации, може да се појави „трка до водата“, во која земјите се натпреваруваат да ги обезбедат најдобрите локации од кои ќе ја извлечат енергијата од ветерот. Од друга страна, ова може да доведе до игнорирање на важни прашања како што е заштитата на морскиот екосистем.

Уро, исто така, верува дека постои ризик од прекугранични проблеми.

„Споровите моментално се меѓу британските ветроелектрани, но што ако утре има спор со Холанѓаните, Белгијците или Французите? Подобро е да се постават правила сега за да може ова да се реши“, рече тој.

Финсерас препорачува европските земји да соработуваат и да воведат јасни прописи што го третираат ветерот како заеднички ресурс, како што се рибните или нафтените полиња што ги преминуваат границите.

„Европа мора брзо да ја декарбонизира енергијата. Тоа е целта на ЕУ. Но, брзината не треба да нè спречи да најдеме добри решенија. На крајот на краиштата, не е во ничиј интерес да се расправа за ветер, постои поттик за соработка и наоѓање фер решенија“, убеден е тој.

Кина, исто така, брзо ги проширува офшор ветроелектраните, а нивните истражувачи предупредуваат на растечкото влијание на ефектите на вителите.

реклама

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Колку треба да пешачите дневно за да ја одржувате тежината?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Вести

Неандерталците користеле заби од носорог како чекани за да изработуваат камени алатки

Read more

Бришете ги веднаш: Android апликации кои „вријат“ од вируси

Read more

Тинејџерка измислила филтер кој отстранува 96% од микропластиката од водата за пиење

Read more

Дали Google тајно ви има инсталирано фајл од 4GB на вашиот компјутер?

Read more
 

Гик

Неандерталците користеле заби од носорог како чекани за да изработуваат камени алатки

Читај повеќе

Бришете ги веднаш: Android апликации кои „вријат“ од вируси

Читај повеќе

Тинејџерка измислила филтер кој отстранува 96% од микропластиката од водата за пиење

Читај повеќе

Дали Google тајно ви има инсталирано фајл од 4GB на вашиот компјутер?

Читај повеќе

Кинезите направија роботски мајстор кој ќе користи алати на Месечината

Читај повеќе

Apple се свртува кон Samsung?

Читај повеќе

Војна на ѕвездите 2026: Што значат руските сателити над нашите глави?

Читај повеќе

Вештачката интелигенција почна да го копира својот код без човечка дозвола

Читај повеќе

Енергетската криза ја зголеми продажбата на топлински пумпи: Зошто се добри и каде можат да се користат?

Читај повеќе