Новите членови на Galaxy семејството – врвни перформанси и сигурност

Samsung о најновата генерација на Galaxy Z Flip7 и Galaxy Z Fold7 уредите, донесува целосно ново искуство во користењето на технологијата. Со врвен дизајн, извонредни перформанси, напредна заштита и поддршка од вештачка интелигенција, овие модели се создадени да ве следат чекор по чекор – паметно, брзо и без компромис.

Без разлика дали сакате да го изразите својот стил, да останете продуктивни во движење или да креирате без ограничувања, Galaxy Z Flip7 и Galaxy Z Fold7 се подготвени да станат вашите најсигурни сојузници во секојдневието.

Galaxy Z Flip7 – стил, практичност и компактност во едно

Совршен за оние кои сакаат тренди дизајн и практично користење. Се преклопува и собира во секој џеб или чанта, а кога ќе го отворите – добивате целосен паметен телефон со врвен Dynamic AMOLED 2X екран од 6,7 инчи и напредни функции. Надворешниот екран (4,1” – поголем од претходната генерација) овозможува брз пристап до нотификации и апликации без отворање на уредот.
Благодарение на FlexCam режимот, можете да снимате од било кој агол без статив, додека Snapdragon 8 Gen 3 процесорот обезбедува брзина, ефикасност и AI оптимизација на фотографии и видеа во реално време. Со IPX8 заштита од вода, Flip7 е подготвен за сите предизвици на денот.

Galaxy Z Fold7 – мобилна работна станица и центар за забава

Fold7 нуди искуство на таблет во уред кој собира во џеб. Со главен екран од 7,6 инчи – совршен за мултитаскинг, и надворешен екран од 6,2 инчи за брз преглед на информации, овој модел е вистински хибрид меѓу телефон и продуктивна работна алатка.
Надградената FlexHinge 2.0 шарка обезбедува издржливост, а ProVisual Engine камерата со AI поддршка нуди автоматско кадрирање, препознавање сцени и генеративна обработка на слики. Можете да отворите и до три апликации истовремено, што го прави совршен за деловни состаноци, презентации и креативна работа.

Реални сценарија – како новите Galaxy Z модели го менуваат секојдневието

  • На патување? Galaxy Z Flip7 лесно го собира и во најмалата торба. Со FlexCam снимате професионални селфи фотографии и видеа без држење во рака, а AI автоматски го оптимизира светлото и фокусот.
  • На деловен состанок преку видео повик? Со Galaxy Z Fold7 можете да имате три прозорци истовремено – еден со соговорникот, еден со презентацијата и трет за белешки без потреба од лаптоп.

Новата Galaxy Z серија не е само иновација, тоа е вашата лична AI асистенција, креативна станица, канцеларија на дланка и центар за забава.

Samsung Galaxy Watch8 серија – идеален додаток на вашиот ден

Со новите телефони на преклоп од серојата Galaxy Z, пристигнаа и Galaxy Watch8 и Galaxy Watch8 Classic, со надграден дизајн и тенок, удобен корпус инспириран од Galaxy Watch Ultra. Овие паметни часовници се создадени за 24/7 следење на здравјето и поставуваат нови стандарди за стил и персонализирано здравствено искуство. Независно од вашиот животен стил, нудат напредни функции кои го прават следењето на активностите и здравствените параметри лесно и прецизно.

Try Galaxy – тестирај ја Galaxy AI моќта

Со новите ажурирања, апликацијата Try Galaxy овозможува корисниците да ги искусат AI функциите како Live Translate, Chat Assist, Note Assist, Photo Assist и Circle to Search со Google  и тоа на повеќе уреди, дури и без да преминат на Galaxy. Апликацијата е достапна за преземање и на новите Galaxy Z модели.

SmartThings – паметен дом на дофат

SmartThings е централната апликација за поврзување на вашиот Galaxy уред со сите паметни апарати во домот. Со неа можете да вклучите или исклучите светло, да ја подесите температурата, да проверите што има во фрижидерот или да стартувате машина за перење – сето тоа од вашиот телефон, без разлика каде се наоѓате.

Максимална заштита за целосна безгрижност

Во срцето на мобилните уреди на Samsung секогаш е и Samsung Knox – платформа за заштита на највисоко ниво. Со Knox Matrix, сите уреди и апарати од екосистемот работат заедно за да се штитат меѓусебно, користејќи приватен блокчејн, постквантна криптографија и real-time заштита.

Knox Vault, пак, ги чува чувствителните податоци како лозинки, PIN-кодови и биометриски информации во изолиран хардверски простор – што значи дека дури и при компромис на оперативниот систем, вашите лични податоци остануваат безбедни.

Со новите Samsung Galaxy телефони и часовници, модерното живеење добива нова димензија. Овие иновации не само што го олеснуваат вашиот секојдневен живот, туку ви овозможуваат да ги извршувате задачите со повеќе ефикасност и стил, додека истовремено ја следат вашата продуктивност и благосостојба.

Тагови
реклама

Додека целиот свет зборува за Ормускиот Проток, знаете ли како всушност изгледа?

Read more

Апасиев за изборите во Унгарија: Лик од третиот ешалон на Фидес ќе биде власт

Read more

Човекот кој го победи Орбан: Кој е Петер Маѓар и каква е неговата политика?

Read more

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Read more

Вести

Астронаутите од мисијата Artemis II слетаа на Земјата

Read more

Severe Weather потврди: Доаѓа најсилниот Супер Ел Нињо досега

Read more

Екипажот на Artemis се враќа на Земјата, најтешкиот дел допрва следи

Read more

Почнаа испораките на роботот Panther за домашни работи, батеријата трае до 16 часа

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Астронаутите од мисијата Artemis II слетаа на Земјата

Читај повеќе

Severe Weather потврди: Доаѓа најсилниот Супер Ел Нињо досега

Читај повеќе

Instagram воведе можност да правите измени на веќе објавени коментари

Читај повеќе

Екипажот на Artemis се враќа на Земјата, најтешкиот дел допрва следи

Читај повеќе

Почнаа испораките на роботот Panther за домашни работи, батеријата трае до 16 часа

Читај повеќе

Маск доби моќен сојузник во изградбата на фабрика за вештачка интелигенција

Читај повеќе
  • filter

Пронајдена подморница потоната во XIX век открила неочекуван крај на екипажот

Читај повеќе

Научниците открија дека всушност постои нешто побрзо од светлината

Читај повеќе