Океаните вријат: Морските топлотни бранови влијаат на копното и обезбедуваат енергија за бурите

Разликата е уште поизразена во Источниот Медитеран, каде што година 70% од морето беше погодено од морските топлотни бранови, додека во свет без климатски промени тој процент би изнесувал само 9.

Европските мориња се прегреваат, а за тоа се виновни климатските промени, предупредуваат истражувачите, додавајќи дека морските топлотни бранови им се закануваат на екосистемите и крајбрежните заедници.

Атлантското и Средоземното Море се значително потопло од вообичаеното, а во некои делови од морето низ Европа температурите се до 6 степени Целзиусови над просекот оваа недела.

Зад сето ова стои климата која брзо се менува, велат научниците од конзорциумот World Weather Attribution во студија објавена во среда. Откриле дека глобалното затоплување е причина за рекордните температури на морето оваа година.

Извештајот беше објавен во текот на летото обележано со рекордни топлотни бранови, суши и пожари, сите феномени што климатските промени дополнително ги влошуваат.

Слично на тоа, во морето, зголемените температури им штетат на морските видови, поттикнуваат проширување на популациите на медузи и го зголемуваат ризикот од разорни бури подоцна во текот на годината.

„Ова лето забележавме навистина екстремно високи температури на морето низ цела Европа“, вели Кетрин Грегори, климатолог на Универзитетот во Берн и една од авторите на студијата.

„До јули, просечната температура на целото Средоземно Море беше малку над 27°C, што беше највисоката вредност забележана во јули откако се направени мерења. Пловка западно од Мајорка покажа температура од повеќе од 33°C на отворено море... а слични екстремни услови регистриравме и во Северниот Атлантик“, прецизираше таа.

Научниците користеле рецензирани методи за анализа на 4 региони: Источниот и Западниот Медитеран, Атлантикот во областите на Бискајскиот Залив и Иберискиот Полуостров и морињата околу Ирска и Западна Британија.

„Откривме дека условите за време на јулскиот морски топлотен бран беа најекстремни откако почнаа да се водат евиденции во Западниот Медитеран, Келтското Море и областа на Бискајскиот Залив и Иберискиот Полуостров“, рече Грегори.

Научниците заклучија дека климатските промени ги затоплиле двата медитерански региони за 2 степени, додека температурата на водите околу Иберискиот Полуостров се зголеми за 1,4 степени, а морињата околу Ирска за 1,3 степени.

Глобалното затоплување, исто така, ја зголеми фреквенцијата на морските топлотни бранови. Истражувачите ги споредија условите од оваа година со она што би се случило во свет без климатските промени. Оваа година, 90% од Бискајскиот Залив беа погодени од високи температури, како и 80% од Западниот Медитеран. Симулацијата покажа дека без глобалното затоплување, само 40% од секој засегнат регион би бил погоден.

Разликата е уште поизразена во Источниот Медитеран, каде што 70% од морето беше погодено од морските топлотни бранови оваа година, во споредба со само 9% во свет без климатски промени. Околу Ирска, погодената област се намалува од 80% на 30%.

Океаните апсорбираат огромно мнозинство од вишокот топлина генерирана од согорувањето на фосилните горива. Потоплите води ги принудуваат некои видови да мигрираат во потрага по постудени мориња, додека оние што не можат да мигрираат, како што се коралите и алгите, се изложени на ризик од масовни истребувања.

Потоплите мориња влијаат на живиот свет

„Имаме она што го нарекуваме победници и губитници. Толку многу видови стануваат сè поретки или целосно исчезнуваат, додека други брзо се шират и се размножуваат“, рече Џон Бруно, еколог на Универзитетот „Северна Каролина“ во Чапел Хил и еден од коавторите на студијата.

На пример, во Обединетото Кралство, рибарите забележале дека октоподите се шират кон север. Сепак, по патот, поради нивната голема потреба за храна, ги уништуваат уловените школки и ракови. Во Франција, медузите, кои имаат корист од потоплите води, ги затнуваат системите за водоснабдување на нуклеарните централи.

Освен што влијаат врз екосистемите и рибарската индустрија, морските топлотни бранови го зголемуваат и ризикот од екстремни временски настани за крајбрежните заедници. Научниците велат дека топлите мориња ја засилуваат опасната комбинација од високи температури и висока влажност по должината на брегот, а воедно создаваат и дополнителна влага што може да поттикне бури, како што беа смртоносните поплави што ја погодија Валенсија во 2024 година.

„Откривме дека многу високите температури на површината на морето обезбедуваат дополнителна енергија за бурите“, заклучи Грегори.

реклама

Зошто се носи ловоров лист во паричникот?

Read more

Мурињо конечно призна: Го провоцирав со тактики, но ништо не функционираше

Read more

Balkan Dad откри за кого ќе гласа на изборите во Србија

Read more

Германија воведува „рана пензија“: Државата ќе издвојува по 10 евра месечно за секое дете

Read more

Вести

Дали и вие симнавте лажен Google Chrome?

Read more

Често слушаме дека Колумбо ја открил Америка, но Викинзите стигнале 5 века порано

Read more

WhatsApp воведува голема промена

Read more

Геолози издадоа итно предупредување за катастрофа: Планина во Европа забрзано се распаѓа

Read more

Гик

Внимавајте што купувате: Евтините Android телефони доаѓаат со опасен малвер

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен нов трејлер за GTA 6

Читај повеќе

Хакирање без ниту еден клик: Израелски шпионски софтвер се шири преку онлајн реклами

Читај повеќе

Apple објави ценовник: Колку ќе ве чини поправка на iPhone Duo?

Читај повеќе

Дали конечно е решена мистеријата за „двете лица“ на Месечината?

Читај повеќе

Глечерот „Судниот ден“ се топи побрзо од очекуваното: Што се крие под мразот?

Читај повеќе

Дали и вие симнавте лажен Google Chrome?

Читај повеќе

Често слушаме дека Колумбо ја открил Америка, но Викинзите стигнале 5 века порано

Читај повеќе

Нобеловата награда дава нова надеж: Откритие би можело да помогне кај мозочните заболувања и видот кај слепите

Читај повеќе