Откриено потеклото на џиновските радиокругови во вселената?

Невообичаени остри кругови од радиобранови што се појавуваат во длабоката вселена ги збунуваат астрономите уште од нивното откривање во 2019 година. Сега, тим научници детално го разгледа еден од овие феномени со надеж дека конечно ќе ги отклучи неговите тајни, пишува ScienceAlert.

Лансирањето нови напредни опсерватории честопати носи можност за откривање сосема нови феномени во вселената, што постојната технологија не можеше да ги сними досега. Токму тоа се случи во 2019 година кога пилот-истражување на радиотелескопот ASKAP во Австралија забележа неколку необични радиокругови. Во класичен астрономски стил тие, едноставно, се нарекуваат – „необични радиокругови“ или ORC.

Овие огромни кружни структури се јасно видливи на радиобранови должини, но целосно невидливи во оптичкиот, инфрацрвениот или рендгенскиот спектар. До денес познати се само десетина такви објекти, а нивното потекло останува необјаснето.

Во нова студија, тим предводен од научници од Универзитетот „Рур“ во Бохум, Германија, детално испитал еден таков прстен, означен како ORC J0356-4216. Користејќи ги радиотелескопите ASKAP и MeerKAT, кои првично го открија ORC во октомври 2023 година, тимот ги проучувал брановите должини и поларизацијата на неговите радиобранови. Тие откриле дека ORC се состои од два симетрични прстени, со комбиниран дијаметар од неверојатни 2,18 милиони светлосни години. Исто така откриле дека магнетното поле го следи кружниот облик на прстените.

Како и многу други ORC, J0356-4216 има галаксија во својот центар, што би можело да биде клучот за разбирање на нивното формирање. Истражувачите веруваат оти најверојатното објаснување е дека станува збор за ударен бран предизвикан од некоја древна активност во централната галаксија. Ова би можело да вклучува моќни експлозии на формирање ѕвезди, судир на две галаксии или фаза во која централната супермасивна црна дупка еруптирала со зголемена активност, позната како активно галактичко јадро (AGN).

„Во случајот на ORC J0356–4216, набљудуваната двострука морфологија и карактеристиките на поларизација полесно се објаснуваат со реликтна емисија од мината AGN-активност или одливи управувани од млазни гасови“, заклучуваат истражувачите во својот труд. Истражувањето сè уште не е рецензирано од колеги, но е достапно за прегледување на репозиториумот arXiv.

Remote video URL
Тагови
реклама

Мурињо шокираше: Требало да го наследи Фергусон, па му се јавил во солзи и сè пропаднало

Read more

СДСМ: Погрешено македонското знаме на прославата за 35 години независност

Read more

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Ќе почне ли распаѓањето на Канада? Сепаратистите во Алберта во октомври ќе одржат референдум

Read more

Вести

Откриен живот во целосниот мрак под Антарктикот

Read more

Месечината Европа можеби содржи знаци на живот во скриен океан, научниците бараат потврда

Read more

Август носи магија на небото: Подгответе ја вашата листа на желби за ѕвездите што паѓаат

Read more

ChatGPT сега ги одбива барањата на корисниците да пишува во стилот на познати автори

Read more

Гик

  • play_arrow

Ask Maps во Google Maps сега може да нарача храна за корисникот, ги помни претходните разговори

Читај повеќе
  • play_arrow

Quake слави 30-годишнина со ново бесплатно проширување

Читај повеќе

Откриен живот во целосниот мрак под Антарктикот

Читај повеќе

Месечината Европа можеби содржи знаци на живот во скриен океан, научниците бараат потврда

Читај повеќе

Август носи магија на небото: Подгответе ја вашата листа на желби за ѕвездите што паѓаат

Читај повеќе

ChatGPT и Roblox ќе бидат предмет на построги правила во Европската Унија

Читај повеќе

ChatGPT сега ги одбива барањата на корисниците да пишува во стилот на познати автори

Читај повеќе

Рускиот истражувачки центар објави кој исполнува услови за вакцина против рак на кожа

Читај повеќе

YouTube воведува нови алатки што го олеснуваат креирањето thumbnails

Читај повеќе