Планетата Земја го доживеа петтиот најтопол јануари досега

Планетата го доживеа својот петти најтопол јануари досега и покрај студениот бран што ги погоди САД и Европа, соопшти во вторник климатскиот мониторинг на ЕУ.

Северната хемисфера беше погодена од силни студени бранови во последните недели од јануари, бидејќи поларниот млазен тек донесе леден воздух во Европа и Северна Америка, според податоците од службата за климатски промени Copernicus.

Сепак, температурите во месецот беа над просекот низ поголемиот дел од светот, вклучувајќи големи делови од Арктикот и западните делови на Северна Америка, според Copernicus.

„Јануари 2026 година беше силен потсетник дека климатскиот систем понекогаш може да донесе многу ладно време во еден регион и екстремна топлина во друг во исто време“, рече Саманта Брџес, менаџерка за климатска стратегија во Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF).

Просечната глобална температура во јануари беше 1,47°C над прединдустриските нивоа.

Европа го забележа својот најстуден јануари од 2010 година, со просечна температура од 2,34°C, соопшти агенцијата.

Во меѓувреме, Соединетите Американски Држави беа погодени од огромни зимски бури кои донесоа снег и мраз од Ново Мексико до Мејн. Се бурите се поврзуваат повеќе од 100 смртни случаи.

Планетата продолжува да доживува подолг период на затоплување предизвикано од човекот, при што 2024 година постави рекордно високо ниво, 2023 година втора најтопла, а 2025 година сега трета најтопла.

реклама

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Read more

Што може новата ракета што Американците за прв пат ја употребија во Иран?

Read more

Почна сезоната на млад кромид: Зошто треба почесто да го јадете?

Read more

Вести

Скопје повторно „Crazy for AI“: Вештачката интелигенција ја менува креативната индустрија

Read more

Зошто не можеме да ги чуеме вонземјаните? 

Read more

Бил Гејтс доби дозвола за револуционерен нуклеарен реактор

Read more

Nvidia речиси целосно го контролира пазарот на графички картички

Read more
 

Гик

Лаптопите можно е да поскапат и до 40% годинава

Читај повеќе

Скопје повторно „Crazy for AI“: Вештачката интелигенција ја менува креативната индустрија

Читај повеќе

Што имало во ковчегот што пред 127 години паднал „од небо“?

Читај повеќе

Зошто не можеме да ги чуеме вонземјаните? 

Читај повеќе

Sony ги налути гејмерите: Што е со цените?

Читај повеќе

Бил Гејтс доби дозвола за револуционерен нуклеарен реактор

Читај повеќе

Суперкомпјутер разби голема заблуда за Сонцето: Не се однесува како што верувавме со децении

Читај повеќе

Nvidia речиси целосно го контролира пазарот на графички картички

Читај повеќе

Apple револуција: iPhone веќе никогаш нема да биде ист

Читај повеќе