Тоа е една од главните алатки со кои Унијата сака да се бори против глобалното затоплување.
Во последниве години сè повеќе се зборува за штетните гасови што загадуваат, а со тоа и ја загреваат нашата планета.
За борба против овој проблем, Европа се придржува до низа регулативи кои треба целосно да ја променат нејзината енергетска и климатска слика. Главната цел е да се премине од јаглен на почисти извори на енергија.
Може да се каже дека овие цели се обединети во Системот за тргување со емисии на ЕУ (EU Emission Trading System – EU ETS). Разбирањето на EU ETS или системот за данок на емисии на CO₂ е исто така многу важно за земјите од Западен Балкан.
Тоа е една од главните алатки со кои Унијата сака да се бори против глобалното затоплување.
Црна Гора е првата земја во регионот што не е членка на ЕУ и воведува систем за тргување со емисии сличен на EU ETS. Доколку другите земји не воведат некаков вид на оданочување на емисиите од нивните економии, тие ќе мора да плаќаат прекуграничен данок на CO₂, CBAM, кој ЕУ планира да го воведе на 1 јануари 2026 година.
EU ETS има за цел да ги намали емисиите преку одредување цена на загадувањето со стакленички гасови (GHG) од енергетскиот сектор, индустријата и воздухопловството. Тоа е можност за ЕУ да се префрли од активности што загадуваат кон климатски акции, иновации и модернизација на енергетскиот сектор.
Системот опфаќа повеќе од 10.400 индустриски и енергетски постројки и околу 350 авиокомпании, во 27-те земји-членки на ЕУ, Исланд, Норвешка и Лихтенштајн, а постои и врска со швајцарскиот ETS.
Европската комисија на почетокот на јули предложи намалување на емисиите за 90% до 2040 година, но има една замка. ЕУ сега сака земјите-членки да користат меѓународни јаглеродни кредити за да ги постигнат своите цели.
Јаглеродниот кредит претставува еден тон CO₂ што е намален или отстранет од атмосферата, обично преку проекти за дефорестација (уништување на шумите) во т.н. Глобален Југ. Потоа, испуштачите ги купуваат овие кредити за симболично да ги компензираат своите емисии.
Накратко - вие испуштате штетни гасови тука, плаќате некаде на друго место за да ги „намалите“ емисиите. Според предлогот, 3% од емисиите на ЕУ би можеле да се префрлат во странство.
Од друга страна, научниците и невладините организации тврдат дека нема докази дека јаглеродните кредити всушност функционираат. На овој начин, одговорноста, која е на европските загадувачи, би се префрлила на други, претежно посиромашни региони. Предвидливо, најголемите поддржувачи на идејата за јаглеродни кредити се индустриите што најмногу загадуваат, бидејќи на овој начин тие можат да го продолжат својот бизнис без никакви пречки, а да платат помалку за тоа.
- Тоа е регулаторен пазар, што значи дека е создаден од креаторите на политиките.
- Главниот закон што го регулира неговото функционирање е Директивата за ETS.
- Треба да се применува принципот „загадувачот плаќа“, што значи дека трошоците за загадувањето треба да ги сносат оние што го создаваат.
- Лансиран во 2005 година, ова е најстариот систем за тргување со емисии во светот, а до 2021 година беше и најголемиот откако беше воведен кинескиот ETS систем.
- Во 2013 година опфаќаше приближно половина од сите емисии на стакленички гасови; во 2020 година, оваа бројка падна на 36%, бидејќи секторите што ги опфаќа, колективно, ги намалуваат своите емисии побрзо од остатокот од економијата.
EU ETS работи според принципот „ограничување и трговија“.
„Cap“, или ограничување, е вкупната количина на одредени стакленички гасови што фабриките, електраните и другите капацитети во системот можат да ги емитираат. Вредноста на „cap-от“ се намалува со текот на времето, што доведува до намалување на емисиите. Според „cap-от“, компаниите добиваат или купуваат единици за емисии што можат да ги тргуваат едни со други по потреба. Тие исто така можат да купат ограничен број кредити на меѓународниот пазар што доаѓаат од проекти што придонесуваат за намалување на емисиите низ целиот свет. Ограничувањето на вкупниот број на единици за емисии достапни на пазарот ја гарантира нивната вредност. На крајот од годината, капацитетите мора да обезбедат доволно единици за емисии за да ги покријат своите вкупни годишни емисии на стакленички гасови. Во спротивно, се изрекуваат строги казни.
Доколку компанијата успешно ги намали своите годишни емисии, таа има право да ги задржи вишокот единици на емисии што може да ги користи за задоволување на идните потреби или за продажба на други компании. Флексибилноста што ја обезбедува тргувањето се однесува на фактот дека емисиите се намалуваат кога трошоците за нивно намалување се поекономични.
Според податоците од Комисијата на ЕУ, се предлага емисиите од секторите опфатени со системот EU ETS да се намалат за 43% до 2030 година.
- Јаглерод диоксид (CO₂) што потекнува од производството на електрична енергија и топлина, ндустрискиот сектор што користи енергија во голем обем, како што се рафинериите, челичарниците и производството на железо, алуминиум, метали, цемент, вар, стакло, керамика, пулпа, хартија, картон, киселини и органска материја, секторот за воздушен транспорт;
- Азотен субоксид (N₂O) од производство на азотни, адипински, гликолни и глиоксилни киселини;
- Перфлуоројаглероди (PFC) од производство на алуминиум.
Иако трговијата со емисии има потенцијал да опфати многу сектори и стакленички гасови, EU ETS се фокусира на оние емисии што можат да се следат, пријавуваат и потврдуваат. Учеството во EU ETS е задолжително за компаниите што работат во наведените сектори, иако во некои сектори се опфатени само инсталации со одредена големина. Владите можат да одлучат да исклучат некои помали инсталации од системот, доколку постојат фискални и други мерки што овозможуваат еквивалентно намалување на емисиите.