Што ќе биде со Apple по пензионирањето на Тим Кук?

Според наводи на повеќе извори, Apple веќе работи на план за наследник на својот извршен директор Тим Кук, кој се наоѓа на чело на компанијата речиси една и пол деценија.

Тим Кук, кој е на позицијата извршен директор од 2011 година, сè уште нема конкретни планови за повлекување, но во рамките на компанијата наводно се разгледуваат потенцијални наследници. Меѓу кандидатите со најдобри шанси се споменува Џон Тернус, потпретседател задолжен за инженеринг на хардвер, кој е во Apple од 2001 година и има клучна улога во развојот на производи како што се iPhone и Mac.

Извори наведуваат дека последните промени во менаџментот, вклучително и најавата за повлекување на долгогодишниот оперативен директор Џеф Вилијамс, се дел од поширок план за реструктурирање и подготовки за идното раководење. Неговата позиција ќе ја преземе Сабих Кан, додека дизајнерскиот тим отсега ќе известува директно на Тим Кук.

Кук претходно изјави дека не планира засекогаш да остане на чело на компанијата, но се очекува да остане во Apple уште неколку години. Кук следниот месец полни 65 години, па не зачудуваат информациите дека размислува за пензионирање.

Аналитичарите сметаат дека Apple сака да обезбеди континуитет и стабилност во транзицијата, особено сега кога компанијата влегува во нова ера на вештачка интелигенција и напредни хардверски технологии.

Тагови
реклама

Вести

Дали ќе престанете да добивате ажурирања за вашата верзија на Windows?

Read more

Безос: Одиме на Месечината за да останеме таму

Read more

Apple воведе ново правило, ќе важи од следната година

Read more

Нобеловата награда за хемија доделена во областа на асиметричната хемија

Read more

Гик

Starlink доаѓа на мобилните телефони: Илон Маск го купи делот од сложувалката што недостасуваше 

Читај повеќе

Дали ќе престанете да добивате ажурирања за вашата верзија на Windows?

Читај повеќе

American Airlines ќе воведе Starlink Wi-Fi во целата своја флота на авиони во 2027

Читај повеќе
  • play_arrow

Безос: Одиме на Месечината за да останеме таму

Читај повеќе

Apple воведе ново правило, ќе важи од следната година

Читај повеќе

Xbox демантира дека има ексклузивни права за стримување на GTA 6

Читај повеќе

Нобеловата награда за хемија доделена во областа на асиметричната хемија

Читај повеќе

Добитникот на Нобеловата награда за физика e oсновач на нова научна гранка за проучување на вселената

Читај повеќе

Кинезите направија подводни соларни панели: Произведуваат струја и на длабочина од 10 метри

Читај повеќе