Веројатно не сте слушнале за неа

Што работи најмладата милијардерка во светот?

Според Forbes, 30-годишната прептприемачка од Силициумската долина и со-основачка на Scale AI е најмладата милијардерка која богатството го стекнала самостојно.

Scale AI е американска компанија со седиште во Сан Франциско која развива и обезбедува решенија за забрзување на развојот на апликации базирани на вештачка интелигенција - за која можеби не сте слушнале до сега. Нивната основна дејност е управување со податоци и трансформација во висококвалитетни сетови на податоци кои се клучни за обука и подобрување на моделите за вештачка интелигенција. Услугите на Scale AI ги користат големите технолошки компании како OpenAI, Meta, Microsoft и Nvidia, како и автомобилската индустрија, како и голем број американски владини и одбранбени институции.

Деветгодишната компанија моментално е во процес на прибирање капитал и ќе им овозможи на своите рани косопственици да ги продадат своите акции на надворешни инвеститори. Тој процес би требало да биде завршен до 1 јуни и би можел да ја зголеми проценката на Scale AI на дури 25 милијарди долари, или 80% повеќе од вредноста постигната минатата година во мај, кога стартапот собра 1 милијарда долари инвестиција со проценка од 13,8 милијарди долари.

Новиот круг на инвестиции во компанијата носи големо зголемување на личното богатство на нејзините основачи, меѓу кои се издвојува Луси Гуо - американска претприемачка за која можеби никогаш не сте слушнале. Учествувала во основањето на Scale AI кога имала само 22 години. Таа го започна стартапот заедно со Александар Ванг, актуелниот извршен директор, но поради меѓусебно несогласување, таа ја напушти компанијата по само две години, задржувајќи околу 5% од сопственичкиот удел.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lucy Guo (@guoforit)

Со проценета вредност од 25 милијарди долари, Гуо скокна на скалата на млади богаташи до првото место. Со само 30 години и богатство од 1,25 милијарди долари, таа се најде на врвот на листата на Forbes на милијардери кои самите го стекнале богатството. Така од тронот ја „симна од престолот“ музичарката Тејлор Свифт која е само пет години постара од неа.

Откако ја напушти Scale AI, Гуо лансираше свој фонд за ризичен капитал, Backend Capital, а во 2022 година лансираше Passes, платформа која се натпреварува со OnlyFans и Patreon, дозволувајќи им на креаторите на содржини и познати личности директно да комуницираат и да ги монетизираат односите со обожавателите. Passes досега има собрано околу 50 милиони долари инвестиции, неговата вредност е околу 150 милиони долари, па неговото вкупно богатство, ако се пресмета и тој проект, е уште поголемо.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lucy Guo (@guoforit)

реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Погледнете како кинеските AI хуманоидни роботи извршуваат производствени задачи

Read more

Вести

Погледнете како кинеските AI хуманоидни роботи извршуваат производствени задачи

Read more

Газдата на Snapchat ќе отпушти 16% од вработените

Read more

Протекоа информации: Xiaomi подготвува огромни промени за телефоните

Read more

Лажно „Windows ажурирање“ ќе ви ги украде лозинките

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Погледнете како кинеските AI хуманоидни роботи извршуваат производствени задачи

Читај повеќе

Газдата на Snapchat ќе отпушти 16% од вработените

Читај повеќе

Протекоа информации: Xiaomi подготвува огромни промени за телефоните

Читај повеќе
  • play_arrow

Американците очајни: Регрутираат гејмери ​​да работат како контролори на летање

Читај повеќе

Лажно „Windows ажурирање“ ќе ви ги украде лозинките

Читај повеќе

Нови ограничувања на Instagram за тинејџерите

Читај повеќе

Скриен Windows трик за кој малкумина знаат

Читај повеќе

Meta развива AI клон на Марк Закерберг

Читај повеќе

Вештачката интелигенција прави грешки во дијагнозите во повеќе од 80% од случаите

Читај повеќе