Скопје повторно „Crazy for AI“: Вештачката интелигенција ја менува креативната индустрија

Минатата недела, во канцеларијата на CrazyLabs во Скопје се одржа второто издание на CRAZY FOR AI MEET UP, настан кој повторно ја обедини заедницата заинтересирана за вештачка интелигенција.

По одличните реакции од првиот настан, кој беше насочен кон подигнување на свеста за AI, ова издание беше фокусирано на маркетингот и креативната индустрија. CrazyLabs е компанија која користи AI во секој сектор и несебично сака да го сподели своето знаење со заедницата, покажувајќи дека денес има многу алатки кои ни се на располагање и со кои можеме да бидеме побрзи, поефикасни и поквалитетни во секоја индустрија.

Интересот беше уште поголем од претходниот пат – повеќе од 200 учесници ја исполнија канцеларијата на CrazyLabs, создавајќи атмосфера полна со енергија, инспирација и одлични разговори. 

Публиката имаше можност да слушне практични примери и алатки кои се користат од креирање содржина и дизајн, до маркетинг стратегии и нови начини на градење производи, како и да поставува прашања и да разменува искуства со маркетинг професионалци од различни области.

Настанот беше воден од маркетинг тимот на CrazyLabs кои несебично споделија практични искуства од својата работа. Покажаа како со помош на AI секој може лесно да креира креативни визуелни материјали, дури и без да биде дизајнер; демонстрираа како може да се изгради цел софтверски производ од идеја до лансирање без пишување код, користејќи бесплатни AI алатки; и објаснија како AI не треба само да автоматизира процеси, туку да ја засили креативноста и да помогне во создавање подобри идеи и кампањи.

Настанот повторно докажа дека постои голем интерес за теми поврзани со AI, а разговорите и networking-от продолжија и по завршувањето на официјалниот дел.

Crazy for AI продолжува да расте како платформа за споделување и размена на знаење помеѓу индустријата и сите кои сакаат да учат и да експериментираат со новите технологии. Целта на CrazyLabs е оваа иницијатива да продолжи и во иднина, преку нови настани кои ќе ја поврзуваат заедницата и ќе отвораат простор за нови идеи и знаење.

А судејќи по интересот и енергијата на настанот – ова е само почеток.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Read more

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Read more

Вести

Google Play Store доби опција што ја чекавме со години

Read more

Автобус што вози самостојно наскоро ќе превезува патници во Норвешка

Read more

Откриен план на Белата куќа: НАСА треба да постави нуклеарни реактори на Месечината

Read more

Астрономи за прв пат ја измерија неверојатната моќ и брзина на млазовите од црни дупки

Read more
 

Гик

Google Play Store доби опција што ја чекавме со години

Читај повеќе
  • play_arrow

AI режимот на Google во Chrome сега отвора линкови еден до друг во истиот таб

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус што вози самостојно наскоро ќе превезува патници во Норвешка

Читај повеќе

Откриен план на Белата куќа: НАСА треба да постави нуклеарни реактори на Месечината

Читај повеќе

Астрономи за прв пат ја измерија неверојатната моќ и брзина на млазовите од црни дупки

Читај повеќе

Honor тестира батерија од 11.000 mAh за смартфон

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете како кинеските AI хуманоидни роботи извршуваат производствени задачи

Читај повеќе

Газдата на Snapchat ќе отпушти 16% од вработените

Читај повеќе

Протекоа информации: Xiaomi подготвува огромни промени за телефоните

Читај повеќе