TikTok овозможува корисниците да си праќаат пари во апликацијата

Со оглед на нејзината популарност, која ја мери милијарди корисници, беше само прашање на време: Tiktok развива функција што овозможува испраќање пари преку пораки во апликацијата.

Според Bloomberg, код пронајден во iOS апликацијата укажува дека корисниците би можеле да си испраќаат пари едни на други преку приватни пораки, по примерот на американската апликација Venmo.

Индиции за оваа потенцијална функција беа пронајдени во код скриен во тековната верзија на iPhone апликацијата Tiktok во Соединетите Држави.

Доколку официјално се лансира, функцијата ќе го користи постоечкиот систем за плаќање на Tiktok (TikTok Pay), кој веќе е достапен во Југоисточна Азија за купувања преку продавницата на Tiktok.

Од TikTok изјавија за Bloomberg дека функцијата моментално не се тестира, што укажува дека е сè уште во раните фази на развој.

Ова не е прв пат TikTok да се обиде да влезе во секторот за финансиски услуги, според Tech Crunch, бидејќи Reuters претходно оваа година објави дека TikTok аплицирале до централната банка на Бразил за дозвола да работат како компанија за финансиска технологија, нудејќи кредитни и платежни услуги.

TikTok не е единствената социјална мрежа што се свртува кон финансиски услуги, бидејќи платформата X (Twitter) неодамна лансираше и функција што им овозможува на корисниците да си испраќаат пари едни на други.

Тагови
реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!

Read more

Вести

Alibaba донесе одлука: Дали паѓаат цените на вештачката интелигенција?

Read more

Bluetooth ќе стане значително побрз, усвоен нов стандард

Read more

НАСА загуби вселенски телескоп: Swift падна од орбитата и изгоре во атмосферата над Индонезија

Read more

Мрежа на ботови „зарази“ 1,3 милиони Android паметни телевизори

Read more

Гик

  • play_arrow

GTA VI ќе биде најскапата видеоигра во историјата

Читај повеќе

Alibaba донесе одлука: Дали паѓаат цените на вештачката интелигенција?

Читај повеќе

Bluetooth ќе стане значително побрз, усвоен нов стандард

Читај повеќе

НАСА загуби вселенски телескоп: Swift падна од орбитата и изгоре во атмосферата над Индонезија

Читај повеќе

Дали на Марс се кријат живи вулкани?

Читај повеќе

Што се смени: Нормалната телесна температура повеќе не е 37°C? 

Читај повеќе

Мрежа на ботови „зарази“ 1,3 милиони Android паметни телевизори

Читај повеќе

Идентификуван диносаурус што јадел овошје

Читај повеќе

Apple издаде итно предупредување за корисниците на iPhone

Читај повеќе