„Unsubscribe“ е безбедносна замка: Кој е најсигурниот начин да не добивате досадни мејлови?

Ако не му верувате на испраќачот, зошто би му верувале на неговиот „Unsubscribe“ линк?

Колку пати, изнервирани од спам, сте кликнале на „Unsubscribe“ линкот во мејлот? Експертите предупредуваат дека таквата навика може да ве одведе директно во рацете на сајбер измамници.

ТК Кианини, технички директор во компанијата DNSFilter, вели дека опцијата „Unsubscribe“ (кликни за одјава) што многу комерцијални мејлови ја нудат на дното од пораката – може да стане сериозен безбедносен проблем. Според неговите податоци, во просек секој 644-ти клик на таков линк води кон потенцијално злонамерна веб-страница.

Во интервју за Wall Street Journal, Кианини истакнува дека корисниците не треба слепо да им веруваат на мејловите што ги добиваат – дури ни ако користат доверлив мејл клиент. Проблемот е што со кликнување на „Unsubscribe“ го напуштате заштитеното опкружување на вашиот мејл клиент и го отворате линкот во прелистувач, каде што може да ве чека секаква замка.

Во најблаг случај, сајбер криминалците ги користат овие кликови за да потврдат дека некоја мејл адреса е активна. Ако несвесно докажете дека го читате спамот, напаѓачите можат да продолжат со понапредни техники – вклучително и фишинг, односно обиди за инсталирање малвер.

Мајкл Баргури, коосновач на безбедносната фирма Zenity, додава дека „Unsubscribe“ линковите понекогаш водат кон фишинг страници осмислени да ви ги украдат лозинките или да се обидат да инсталираат штетен софтвер. Ако одеднаш од вас побараат да внесете лозинка за да се одјавите, јасно е – не треба да го правите тоа.

Чарлс Хендерсон, потпретседател на компанијата Coalfire, вели дека некои легитимни сервиси навистина бараат повторно внесување на мејл адресата (не лозинка) за да ја потврдите одјавата – но клучот е во довербата. Ако не ѝ верувате на компанијата што ви го пратила мејлот, нема причина да ѝ верувате ни на нејзината страница за одјава.

Експертите како најбезбеден начин препорачуваат користење на вградената „Unsubscribe“ опција од досадните мејлови – тоа се копчињата за одјава што ги нудат мејл сервисите како Gmail и Outlook. Тие не се дел од телото на мејлот, не ве водат на сомнителни сајтови и обично се безбедни.

Ако такво копче нема, подобро е да се потпрете на спам филтер или едноставно да го блокирате испраќачот. Добар совет е и користење на привремени мејл адреси за регистрација на непроверени сајтови – иако тоа може да го отежне онлајн купувањето и управувањето со сметки.

Накратко: следниот пат кога ќе посакате да кликнете на „Unsubscribe“ – размислете уште еднаш.

реклама

Зошто постарите луѓе имаат специфичен мирис?

Read more

Лавров ги соопшти руските услови за мир

Read more

Грција воведува построги правила: Што значи ова за туристите од Македонија?

Read more

Падна клетвата, Новак победи пред Роџер: Конечно победив додека Федерер ме гледаше

Read more

Вести

Microsoft отпушта повеќе од 9.000 вработени

Read more

Во Перу откриен древниот град Пенико, се верува дека е стар 3.500 години

Read more

Мистеријата за најстарите човечки остатоци пронајдени на Антарктикот

Read more

Што е USB кондом и зошто ви треба?

Read more
 

Гик

Microsoft отпушта повеќе од 9.000 вработени

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Во Перу откриен древниот град Пенико, се верува дека е стар 3.500 години

Читај повеќе

Мистеријата за најстарите човечки остатоци пронајдени на Антарктикот

Читај повеќе

Што е USB кондом и зошто ви треба?

Читај повеќе

Лажни екстензии на Firefox крадат податоци

Читај повеќе

Земјата моментално е најоддалечена од Сонцето: Па зошто е толку топло?

Читај повеќе

Кина повторно пред сите во авијацијата: Тестиран прв авион направен во 3D принтер

Читај повеќе

НАСА откри нова планета со можни услови за живеење

Читај повеќе

Астрономите следат непознат објект кој можеби доаѓа од друг ѕвезден систем

Читај повеќе