Ванкувер одбра ново знаме

Градскиот совет на американскиот град Ванкувер едногласно гласаше за усвојување на ново знаме откако Комитетот за избор на знамиња предводен од заедницата синоќ ја презентираше својата препорака до Советот.

Да нема забуна, ова не е многу попознатиот Ванкувер во Канада, туку истоимениот град во сојузната држава Вашингтон во САД, кој се наоѓа 480 км јужно од канадскиот истоименик. Создаден е во 1825 година и има население од 200 ијлади.

„Ова знаме е резултат на внимателна соработка и креативен придонес од целата наша заедница“, рече Роуз Мендоза, претседателка на Комитетот за избор на знаме. „Секој елемент во дизајнот одразува нешто значајно за Ванкувер и тоа е симбол на кој сите можеме да бидеме горди сега и во иднина.“

„Нашето ново знаме е моќен одраз на тоа кои сме ние како град“, рече градоначалничката Ен МекЕнерни-Оугл. „Тоа ја претставува нашата природна околина, иконските места што го дефинираат Ванкувер и креативноста што ја прави нашата заедница посебна. Ова знаме навистина ја раскажува приказната за една заедница во подем.“

Жителите беа вклучени во целиот процес. Градскиот совет назначи волонтерски комитет за да го избере знамето од 138-те поднесени предлози. Откако комитетот ги избра финалистите, Градот ја покани јавноста да даде повратни информации за нив (добиени беа 1.438 одговори). Комитетот ги искористи овие повратни информации за да ја направи конечната препорака за знамето до Градскиот совет.

Предлозите финалисти со старото знаме (средина) и конечното решение (најдесно)

За да се обезбеди фер и непристрасен процес на селекција, сите пријави беа разгледани анонимно, без информации за идентификација. За време на прегледот, судиите независно создадоа две композитни знамиња со комбинирање на елементи од повеќе пријави за кои сметаа дека добро функционираат заедно. На оригиналните креатори чии дизајни ги инспирираа овие композити им беше доделена заслуга за нивниот придонес. На крајот, комитетот препорача композитно знаме составено од елементи од знамињата создадени од Брук Наџент и Нејтан Хантер како ново знаме за Ванкувер.

Од лево кон десно: Потпретседателот на Комитетот за избор на знаме, Ектор Алехандро Варела-Бетанкур, претседателката Роуз Мендоза и дизајнерите на знамето Брук Наџент и Нејтан Хантер.

Новото знаме ја раскажува приказната за заедница обликувана од реката Колумбија, длабокото чувство за место и генерациите луѓе кои ја нарекувале оваа земја свој дом.

  • Зеленото поле ја симболизира природната средина на Ванкувер, шумите, парковите и посветеноста кон одржливоста.
  • Амблемот е инспириран од иконските знаменитости на Ванкувер (Тврдината Ванкувер, ѕвонарникот Салмон Ран и пристаништето Грант Стрит). Тоа е знак на сеќавање на минатото и симбол на напредок.
  • Белиот шеврон е силно V за Ванкувер (Vancouver), врска помеѓу копното и водата и пат напред.
  • Синото поле ја претставува реката Колумбија и длабоката врска на заедницата со реката што ја обликувала нејзината култура, економија и чувство за место.

„Знамето на Ванкувер е наменето да се споделува, слави и гледа низ целата наша заедница и пошироко“, рече директорката за комуникации, Лора Шепард. „Достапно е за креативна употреба, без разлика дали сакате да го испечатите на маица, да направите налепници, да дизајнирате стока или дури да направите тетоважа од новото знаме. Единствениот услов е боите и распоредот да бидат верни на дизајнот. Луѓето можат да ги преземат официјалните датотеки од нашата веб-страница и да почнат да создаваат.“

Одличниот дизајн на новото знаме е голем вексилолошки чекор напред ако се погледно знамето кое досега беше во употреба.

Досегашното знаме на Ванкувер

Новото знаме ќе биде официјално подигнато на јарболот на Градското собрание околу 15:00 часот во петок, 28 ноември, по што ќе следи претставување пред заедницата и официјално доделување на наградите во 15:45 часот како дел од годишната прослава на осветлувањето на елката.

Повеќе вексилолошки информации за новото знаме на Ванкувер можат да се најдат на официјалната веб-страница на општината.

реклама

Скандал во Реал Мадрид: Мбапе, Вини и Конате одбиja да носат маици против инвазијата на мигранти

Read more

Забременување по 40-тата година: Што се менува и како да ги следите плодните денови?

Read more

Домашна погача што секогаш излегува совршено и е лесна за подготовка

Read more

Дали ја видовте „ракетата“ на Доминик Собослаи против Тотенхем?

Read more

Вести

Шефот на OpenAI: Светот со право стравува од вештачката интелигенција

Read more

Дали вонземјаните ни имаат оставено траги во прашината на Месечината?

Read more

Американските дата центри користат повеќе вода од сите градови во Калифорнија

Read more

Европејците во фиоките чуваат богатство вредно 65 милијарди евра: 700 милиони стари уреди кријат вредни суровини

Read more

Гик

Шефот на OpenAI: Светот со право стравува од вештачката интелигенција

Читај повеќе

Дали вонземјаните ни имаат оставено траги во прашината на Месечината?

Читај повеќе

Американските дата центри користат повеќе вода од сите градови во Калифорнија

Читај повеќе

Европејците во фиоките чуваат богатство вредно 65 милијарди евра: 700 милиони стари уреди кријат вредни суровини

Читај повеќе

Деформација на тачпедот е знак за опасен дефект на лаптопот

Читај повеќе
  • play_arrow

Трамп призна дека користи AI, ама не кажува за кои цели

Читај повеќе

James Webb и Hubble открија 27 нови објекти што кружат околу Сонцето далеку зад Нептун

Читај повеќе

Менувам бубрег за iPhone 

Читај повеќе

Аутизмот поврзан со рана изложеност на вообичаен додаток во пластиката

Читај повеќе