На пазарот излегуваат сè повеќе модели на паметни очила, кои наскоро би можело да ги заменат паметните телефони.
Паметните или смарт очила со дополнителни функции, кои пред неколку години изгледаа футуристички, сега стануваат практични уреди за комуникација, навигација, следење на фитнесот, гледање филмови и играње видео игри, а извршниот директор на Meta, Марк Закерберг, изјави дека овие уреди би можеле да ги заменат паметните телефони во следната деценија.
На пазарот има сè повеќе модели и функции, а порталот Tech Crunch објави листа на очила што ги смета за идеални за празнично пазарување.
Моделот Ray-Ban Meta Gen 2 изгледа како обични очила, но нуди камера од 12 мегапиксели (MP), отворени звучници и пет микрофони, заедно со 3K Ultra HD видео, 32GB простор за складирање и отпорност на вода IPX4.
Цената на овие очила е 379 долари, а батеријата трае до осум часа со брзо полнење.
Очилата Viture Luma Pro имаат Sony micro OLED дисплеј кој испорачува јасна слика од 1.200 пиксели на виртуелен екран од 152 инчи, со брзина на освежување од 120 херци (Hz), широко видно поле од 52 степени и до 1.000 нити осветленост на екранот, сето тоа за 499 долари.
Моделот Xreal One Pro има резолуција од 1.080 пиксели и виртуелен екран од 171 инч, чип со звучници Bose X1 и овозможува следење на движењата на главата и стабилен приказ на виртуелна содржина, а чини 649 долари.
Oakley Meta Vanguard е идеален за спортисти, со 3K видео, широкоаголна камера, IP67 заштита од прашина и вода и дополнителна батерија во куќиштето, со цена од 499 долари.
За почетници кои сакаат да заштедат пари, се препорачува RayNeo Air со резолуција од 1.080 пиксели, виртуелен екран со дијагонала од 201 инч, брзина на освежување од 120 херци, а за овој уред треба да издвојат 269 долари.
На пазарот се очекуваат нови модели на паметни очила во 2026 година, вклучувајќи ги Google-Xreal Aura, Snap Specs и Apple AI паметните очила, кои ветуваат уште полесни, подискретни и функционални уреди со AR и AI технологии.