За луѓето на Северната хемисфера, која ја вклучува Македонија, се приближува врвот на летото. Додека сè уште има сончеви и топли денови, планетата ротира во својата најоддалечена точка од Сонцето.
Порано неделава, Земјата достигна афел - најоддалечената точка во својата орбита. Ова значи дека била 4,8 милиони километри подалеку од Сонцето отколку кога била најблиску до Сонцето. Ова се случува секоја година во јули. Ако планетата е најоддалечена од Сонцето, не треба ли температурите на воздухот да бидат пониски?
Многу луѓе имаат тенденција да ја поврзуваат близината до Сонцето со топлина, па затоа се чини природно да се претпостави дека годишните времиња се предизвикани од промени во растојанието на Земјата од Сонцето. Но, тоа растојание има малку врска со тоа. Всушност, вистинската причина за сезонските промени на температурата е тоа што Земјата е навалена.
Планетата ротира под агол од 23,5 степени, што значи дека различните делови од неа добиваат повеќе или помалку сончева светлина, во зависност од времето од годината. Северната хемисфера е навалена кон Сонцето во јули, носејќи повеќе дневна светлина и повеќе топлина.
Од друга страна, обликот на Земјината орбита игра помала улога. Иако нејзиниот облик е малку овален, а не совршен круг, разликата помеѓу најблиските и најоддалечените точки од Сонцето е релативно мала. Земјата моментално е 5,1 милиони километри подалеку од Сонцето отколку што беше на почетокот на јануари, кога достигна перихел - својата најблиска точка. Во споредба со просечното растојание од 145 милиони километри, тоа е разлика од само 3,3%.
Бидејќи сончевата светлина се шири додека патува, дури и релативно мала промена на растојанието резултира со намалување од 7% на количината на сончева енергија што стигнува до планетата. Тоа е занемарливо во споредба со ефектот на наклонот на Земјата, пишува CNN.