Зошто сите руски космонаути мочаат на гума од автобус пред да полетаат во вселената?

Низ историјата, цела низа астронаутски ритуали се создавале со цел да се опушти екипажот пред вселенска мисија, а еден од најбизарните и најнеобичните е мокрењето на гума од автобус, што е правило за сите руски и неруски космонаути.

Замислете дека сте астронаут или космонаут, кој треба да се лансира во вселената од космодромот „Бајконур“ во Казахстан. Денот на вашето лансирање конечно пристигна, сите сте облечени и подготвени да се упатите кон лансирната рампа. Ако сте американски астронаут кој полетува од САД би играле покер или би дремнале пред летот.

Меѓутоа, ако сте руски космонаут, или дури и Американец или дури и Европеец кој полетува од руски космодром, ве чека долг список на ритуали на кои треба да присуствувате, од кои еден е во најмала рака автентичен.

Значи, откако космонаутите ќе ја поминат својата последна ноќ на Земјата во рускиот хотел „Космонаут“ и ќе ги потпишат своите имиња на вратата од нивната соба, автобус ги чека на излезот за да ги однесе до ракетата. 20 минути од космодромот, автобусот застанува според протоколот, поканувајќи ги сите космонаути да излезат и да мочаат на гумата од автобусот.

Италијанскиот астронаут Лука Пармитано вели за оваа традиција: „Малку е незгодно, но сите сакаме да зборуваме за тоа. Постои уште од првиот вселенски лет. На околу еден километар од ракетата, застануваме, излегуваме и одиме на десната страна од автобусот“.

Како Гагарин во 1961; Фото: Роскосмос

Но, како настанал овој ритуал? Овој ритуал прв пат го извршил прославениот советски космонаут Јуриј Гагарин за време на неговиот прв вселенски лет во 1961 година, никогаш не сонувајќи дека ќе стане ритуал за секој што ќе се впушти во вселенска одисеја од космодромот „Бајконур“.

Имено, на 12 април 1961 година, на пат кон ракетата, Гагарин почувствувал потреба да мокри на средина од возењето до неговата ракета. Знаејќи дека неговиот вселенски костум наскоро ќе биде закопчан и дека следната шанса за мокрење ќе му биде за неколку часа, тој решил да го запре автобусот и да ги повика сите машки членови на екипажот.

Откако се „олесниле“ на предната десна гума од автобусот, Гагарин и сите членови на екипажот влегле во автобусот, а подоцна Гагарин влегол во ракетата Восток-1 и конечно влегол во историјата.

Лансирање на ракетата Восток-1

Од тој ден, тоа е еден од централните ритуали што мора да ги почитува секој што оди во вселената од рускиот космодром „Бајконур“. Треба да се истакне дека женските членови на екипажот се ослободени од овој ритуал, иако е само еден во низата во деновите пред полетувањето во вселената.

Сепак, иако се ослободени од учество во ритуалот на мокрење, космонаутките можат да донесат шише со сопствена урина за да ја истурат врз гумата, доколку сакаат.

„Ова може да изгледа како традиција, но навистина, ако ќе бидете заклучени во ракета, неспособни да го напуштите вашето седиште неколку часа, тоа е само здрав разум“, напиша пензионираниот астронаут Крис Хадфилд во својата книга „Astronaut's Guide to Life on Earth“.

реклама

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Полската економија е шеста по големина во ЕУ и е на добар пат да ја престигне Швајцарија

Read more

Вести

Откриен живот во целосниот мрак под Антарктикот

Read more

Месечината Европа можеби содржи знаци на живот во скриен океан, научниците бараат потврда

Read more

Август носи магија на небото: Подгответе ја вашата листа на желби за ѕвездите што паѓаат

Read more

ChatGPT сега ги одбива барањата на корисниците да пишува во стилот на познати автори

Read more

Гик

  • play_arrow

Ask Maps во Google Maps сега може да нарача храна за корисникот, ги помни претходните разговори

Читај повеќе
  • play_arrow

Quake слави 30-годишнина со ново бесплатно проширување

Читај повеќе

Откриен живот во целосниот мрак под Антарктикот

Читај повеќе

Месечината Европа можеби содржи знаци на живот во скриен океан, научниците бараат потврда

Читај повеќе

Август носи магија на небото: Подгответе ја вашата листа на желби за ѕвездите што паѓаат

Читај повеќе

ChatGPT и Roblox ќе бидат предмет на построги правила во Европската Унија

Читај повеќе

ChatGPT сега ги одбива барањата на корисниците да пишува во стилот на познати автори

Читај повеќе

Рускиот истражувачки центар објави кој исполнува услови за вакцина против рак на кожа

Читај повеќе

YouTube воведува нови алатки што го олеснуваат креирањето thumbnails

Читај повеќе