Русија следната година ќе почне со тестирање на антитела врз пациенти со COVID-19, изјави Александр Гинцбург, првиот човек на московскиот Институт „Гамалея“, во кој се разви првата вакцина против коронавирусот Спутник V.
Директорот на „Гамалея“ изјави дека се надева дека веќе следната есен ќе почнат испитувањата за новиот лек базиран на антитела, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на руските агенции.
– Се надевам дека од есен ќе почнат клиничките испитувања. Треба да го развиеме овој лек користејќи неколку технологии истовремено, што е нешто што во моментов се прави, рече Гинцбург.
Русија побара од пациентите со COVID-19 да донираат крвна плазма, која е богата со антитела, а ќе им помогне во нивните истражувања.