Авто новости

Ѓаволски добар: Lamborghini Huracan Performante Diabolico со 666 коњски сили

8. јули 2019 - 16:19 | К.З.

Германската компанија Wheelsandmore, која се занимава со доработка на фабричките модели на повеќето производители на суперавтомобили, овојпат реши да го „унапреди“ и онака моќниот Lamborghini Huracan Performante.

Унапредената верзија, симболично наречена „Diabolico“ поради бројот на коњски сили, моделот Huracan Performante доби дополнителни 26 коњски сили и сега располага со „ѓаволски“ 666 коњски сили.

Со помош на новиот софтвер на Wheelsandmore, тие успеаја да го засилат постоечкиот атмосферски 5.2 V10 мотор со уште 20 коњски сили и 22 Nm. На тој начин, се постигнува моќност од 660 коњски сили, а дополнителните шест се „извлечени“ благодарение на усовршениот издувен систем.

Освен за купе верзијата, овој германски тјунер нуди модификации и за сопствениците на моделот Huracan Performante Spyder. Покрај гореспоменатите промени на спецификациите, помеѓу унапредувањата се понудени и нов систем на суспензија и нови бандажи од 20 и 21 инчи.

Софтверското унапредување на Wheelsandmore се наплаќа 2.520 евра, а новиот издувен систем чини 4.831 евро.

Коментирај