Тенис

Ѓоковиќ нема да игра во Мајами и се извини на обожавателите

19. март 2017 - 19:27 | А.С.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ официјално се откажа од учеството на престојниот Мастерс 1000 во Мајами, турнир што го освојуваше изминатите три години со ред, а вкупно шест пати во кариерата.

Организаторот на турнирот објави дека српскиот ас нема да може да го брани трофејот.

„Новак Ѓоковиќ беше принуден да се повлече поради повреда на лактот. Му посакуваме брзо закрепнување на нашиот шампион“, беше објавено на Twitter.

И Ѓоковиќ исто така се огласи преку социјалната мрежа.

„Им се извинувам на моите обожаватели и на сите кои купија карти за да ме гледаат како играм на Мајами Опен. За жал, повреден сум и нема да можам да се натпреварувам“, напиша Ноле на Twitter.

На овој Мастерс нема да игра ни првиот тенисер на светот Енди Мареј, кој исто така го откажа учеството поради повреда на лактот.

Коментирај