Тенис

Ѓоковиќ противник на Федерер во полуфиналето на Австралија Опен

28. јануари 2020 - 13:15 | Кајгана / МИА

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето на Грен слемот Австралија Опен, откако денеска го совлада Милош Раониќ од Канада во второто четвртфинале.

Бранителот на трофејот победи со максимални 3-0, по сетови 6 : 4, 6 : 3 и 7 : 6 за нешто помалку од три часа игра.

Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе се сретне со швајцарскиот тенисер Роџер Федерер кој претпладне го совлада Тенис Сандгрен со 3-2.

Новак Ѓоковиќ, кој е втор носител, на турнирот во Мелбурн досега има седум полуфиналиња и во сите нив извојувал победа.

Воедно, ова ќе биде 50. пресметка меѓу Ѓоковиќ и Федерер. Досегашниот биланс е 26 : 23 за Србинот. 

Коментирај