Тенис

Ѓоковиќ спаси две меч топки против Дел Потро за полуфинале во Рим

18. мај 2019 - 10:10 | МИА
Рим, 18 мај 2019 (МИА) – Светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ повторно го покажа својот непомирлив дух и се спаси од многу тешка ситуација.

Српскиот тенисер се квалификуваше за полуфиналето на „Мастерс“ турнирот во Рим по неверојатно тешка победа над Хуан Мартин Дел Потро со 4:6, 7:6 (6), 6:4.

Дуелот беше неверојатно неизвесен и понуди тенис од највисока класа. Ѓоковиќ спаси две меч топки во вториот сет, а потоа ја наметна својата волја над Дел Потро, кој покажа дека влегува во одлична форма.

Во спор за место во финалето, Ноле ќе се сретне со уште еден Аргентинец – Диего Шварцман, кој претходно го елиминираше Кеј Нишикори.

Коментирај