Тенис

Ѓоковиќ сподели тажни вести со фановите

20. март 2017 - 13:09 | Макфакс

Популарниот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ го откажа учеството на Мастерс турнирот во Мајами, а причината за тоа се проблемите со повредата на лактот. Тој ги сподели тажните вести со фановите и им се извини дека не може да учествува на турнирот.

„За жал, морам да споделам некои не баш добри вести со вас поврзани со турнирот во Мајами. Повредата на лактот што ја имам веќе три месеци, се вложи, па докторот ме советуваше да паузирам. Ќе направам се што можам за да се вратам на терените колку што е можно побрзо, но нема да можам да играм во Мајами. Ова е голем шок и разочарување за мене, а знам дека и на фановите не им сеедно“ - објави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер во Мајами ја освои првата Мастерс титула и од таму го почна походот на светската ранг листа, а на тој турнир постојано постигнува добри резултати.

Коментирај