Тенис
АТП АВСТРАЛИЈА ОПЕН

Ѓоковиќ втор во историјата со по 70 победи на три Грен слема

22. јануари 2020 - 9:23 | Кајгана / МИА

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ рано утрово во второто коло на Австралија Опен го совлада Тацумо Ито со 3:0, по сетови 6-1, 6-4 и 6-2. За Србинот, ова е 70. натпревар во Мелбурн на кој славеше победа.

Австралија Опен стана трет Грен слем на кој Србинот извојува 70 победи. Ова е неговата статистика на победени и изгубени натпревари на четири грен слема:

Австралија Опен 70:8 (победи-порази)
Ролан Гарос 68:14
Вимблдон 72:10
УС Опен 72:11

Ѓоковиќ стана вториот играч кој оствари 70 победи на три Грен слема. Пред него тоа го стори само Роџер Федерер, кој има 70 победи на сите четири Грен слема. 

Коментирај