Македонија

Ѓорѓи Филипов прв кандидат за претседател на Република Македонија на огласот на СДСМ

11. февруари 2019 - 17:31 | МИА
Скопје, 11 февруари 2019 (МИА) – Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов е првиот кандидат за претседател на државата на партискиот оглас на СДСМ, што е отворен до 19 февруари.

Тој смета дека ќе биде добар консезуален претседател иако напомена дека би било посоодвено да се употреби терминот заеднички кандидат, бидејќи како што рече, „консензуален“ се уште не е јасно дефиниран термин, што би требало да значи поддршка од 75 проценти од населението или политичките партии.

-Ќе делувам според принципот дека сме едно општество. Сите сакаат да живеат во мир и безбедност, со здрав и чист воздух, квалитетно образование, добро здравство“, рече Филипов на денешната прес-конференција.

Прашан зошто одлучил да се кандидира на конкурсот на СДСМ, а не да оди како независен кандидат или пак да се јави на огласот на ВМРО-ДПМНЕ тој истакна дека неговите ставови и визија биле поблиски до оние што во моментов ги промовирала СДСМ за евроатланските перспективи на Македонија.

-Освен што имам визија за развојот на Република Македонија по мојот избор, имам и план и стратегија за нејзино остварување, истакна тој.

Филипов е доктор на технички науки. Беше амбасадор во Германија од 2005 до 2010 и во Австрија од 2010 до 2014 година. 

Коментирај