Дензел Вашингтон, еден од најпочитуваните актери во Холивуд, штотуку постигна уште еден значаен успех во својата исклучителна кариера. Благодарение на филмот Gladiator 2 на Ридли Скот, Вашингтон ја оствари најголемата заработка во неговата долга кариера.
Глумејќи го злогласниот негативец Макринус во долгоочекуваното продолжение, Вашингтон не само што ги воодушевува критичарите туку и привлекува рекордна публика.
Филмот досега има заработено импресивни 320 милиони долари ширум светот, надминувајќи ги 267 милиони долари заработени од претходниот блокбастер со Вашингтон, American Gangster. Интересно е што и тој филм го режираше Ридли Скот.
Дополнителната заработка ја зголеми вкупната филмска заработка на Вашингтон на над 4,8 милијарди долари. Ако Gladiator 2 продолжи со ова темпо, тоа би можело да му помогне на Вашингтон да го помине прагот од 5 милијарди долари, пишува Collider.
Доминацијата на Вашингтон на кино благајните го потврдува неговиот исклучителен талент и светската популарност. Gladiator 2 и American Gangster се меѓу неговите најуспешни филмови. Третиот е акциониот трилер Safe House (207 милиони долари), потоа Philadelphia (201 милион долари), кој го зацврсти неговиот статус на еден од најпочитуваните драмски актери.
Серијалот The Equalizer постигна стабилна заработка од приближно 190 милиони долари по филм, додека можноста за улога во третиот филм Black Panther ветува ново високо ниво. Засега најголем хит останува Gladiator 2, со импресивна актерска екипа предводена од Вашингтон и Пол Мескал.