Живот

Гламур на небо: Хотелот во авион ќе полета во 2021 година

25. април 2019 - 15:32 | А.С.

Приватниот авион на хотелскиот синџир Four Seasons доби гламурозно реиздание.

Хотелот во авион е сместен во модел Airbus A321 LR, кој е дел од новото семејство Airbus NEO.

Првиот лет на овој суперуксузен авион со хотелска услуга ќе биде во 2021 година, а ќе има најширока и највисока кабина во својата класа, како и просторна бања.

Луксузниот авион има капацитет од 48 патници, а ентериерот е специјално дизајниран за да може корисниците да се дружат и додека се сместени во нивните седишта

Секое од рачно обложените седишта нуди личен простор од 2 метри, а патникот ќе има и дополнителен отоман.

„Кога го дизајниравме новиот приватен авион Four Seasons, бевме инспирирани од луксузот што го карактеризираше патувањето со авион порано, кога секој лет беше посебна прилика“, вели Дејна Калчак, потпретседател на одделот за дизајн во Four Seasons Hotels and Resorts.

На секој лет ќе има готвач од синџирот хотели Four Seasons кој ќе им приготвува на патниците „јадења инспирирани од самото патување“.

Цените за еден лет во „хотелот во облаци“ почнуваат од 147.000 долари по лице.

Коментирај