„Гласен текстилец“ бара времено затворање на конфекциите во Штип

Штип, 1 јуни 2020 (МИА) – Невладината организација „Гласен текстилец“ денеска упати барање до Општинскиот кризен штаб, кој во моментов има седница во проширен состав заедно со државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, да се затворат конфекциите во Штип времено.

Барањето следи по објавување на новата бројка заразени текстилни работнички од неколку конфекции, но и членови на нивни семејства и пријатели.

Штип денеска има двоцифрен број на заразени, односно во здравствениот билтен се нотираат вкупно 27 лица.

-Време е за затворање на конфекциите, тоа да се регулира со годишен одмор, бидејќи сите знаеме дека 80 проценти од вработените во штипските конфекции никогаш го немаат искористено годишниот одмор од 20 дена, туку  им беше даван одмор од пет дена. Сега е време да ги пуштат работниците на одмор во  интерес на колективното здравје, вели Кристина Антева од НВО „Гласен текстилец“.

Таа истакна дека барањето е доставено до Кризниот штаб бидејќи постојано се во контакт со работниците коишто сѐ уште се на своите работни места во конфекциите каде што денеска има регистрирано новозаразени со коронавирус.

Антева пренесува дека се исплашени за своето здравје.

-Плачат на телефон, до таму одат, ниту се ослободуваат од работа, ниту планира некој нешто да направи. Очекувам конфекциите да бидат затворени бидејќи не почитуваа ниту една од мерките, ниту една од уредбите, ниту една од препораките. Секоја чест на ретките исклучоци коишто се оградија од останатите, а за оние кои не ги почитуваа барам и кривична одговорност бидејќи не се грижеа ниту за здравјето на работниците, ниту пат беа свесни за колективното здравје на еден град како што е Штип. Ми е жал за останатите сопственици коишто организираа сопствен превоз што ќе бидат и они на удар поради несовесните превозници и несовесните сопственици на конфекции, вели Антева.

Прашања дали на почетокот на пандемијата се почитуваа мерките од страна на конфекциите и превозниците, Антева вели дека – да на почетокот се почитувале мерките, но подоцна не се почитувале токму заради тоа и Штип сега се соочува со голем број на заразени во текстилните фабрики.

-За жал, лажните вести за коронавирусот и некои што мислат дека се богови го направија ова и денешниве бројки. Сега ќе ги гледаме штетите и последиците, рече Антева.

Потенцира дека оние коишто не веруваат во коронавирусот слободно можат да остварат и контакт со работниците кои во моментов се на Инфективното одделение и самите од нив да слушнат во каква состојба се.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Македонија

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Read more

Деветвалентната ХПВ-вакцина достапна кај нас од следниот месец

Read more

Дизелот од полноќ поевтин за 0,50 денари, цените на бензините остануваат исти

Read more

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Read more
 

Вести

Г7 подготвува мерки против Иран

Читај повеќе

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Читај повеќе

Сообраќајка со полициско возило во Скопје, шестмина повредени

Читај повеќе

Деветвалентната ХПВ-вакцина достапна кај нас од следниот месец

Читај повеќе

Тепачка во штипскиот затвор, надвор стигнала и поддршка од 30 лица

Читај повеќе

Двајца повредени во пожар во куќа во Скопје

Читај повеќе

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Читај повеќе

Изложба на карикатури од Фестивалот за хумор и сатира IN VINICA VERITAS во Крива Паланка

Читај повеќе
  • play_arrow

Украинците имаат нови моќни дронови во кампањата против Русија

Читај повеќе