„Гласен Текстилец“: Да не се злоупотребуваат мерките против корона вирусот ниту од работниците, ниту од работодавачите

Штип, 11 март 2020 (МИА) – Здружението „Гласен текстилец“- Штип апелира ниту работниците, ниту работодавачите да не манипилураат и да не објавуваат лажни вести околу препораките на Владата за да се спречи ширење на корона вирусот.

Претседателката на „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева е децидна дека засега немаат забележано непочитување на препораките.

– Препорака е работниците од приватниот сектор кои имаат деца во градинка или имаат деца до 10-годишна возраст, кои ја посетуваат наставата да бидат ослободени од работа. Тоа е препорака за приватниот сектор, но тоа не значи дека нема да сносат одговорност доколку работничките, работниците поднесат документи соодветни. Тоа значи дека треба да достават документ од градинката или од училиштето, каде што нивното дете посетува настава, да ја однесат потврдат, да дадат изјава и тоа да го најават, за да имаме траг дека тие пријавиле отсуство, вели Ампева.

Работничките и работниците, истакнува, да не очекуваат дека приватниот сектор ќе ги ослободи без да се пријават согласно со препораките.

– Значи, се знае како тие треба да си го најават своето отсуство и кои се документите кои треба да ги достават. Никој нема да им рече „повелете, излезете имате деца за чување“. Да не ги мешаме тие работи, дали се почитуваат или не се почитуваат мерките. Нема зошто да не се почитуваат, вели Ампева.

Таа додава дека доколку од страна на работодавачите не се почитуваат мерките предвидени се и санкции.

– Министерството за труд и социјална политика  утринава излезе со соопштение и достави број, доколку на некои работнички не им биде овозможено да останат дома со своите деца, во услови навистина нема кој да ги чува, да се јават на телефонскиот број 15 131. Тоа е Државниот инспекторат за труд. Да нема забуна во јавноста, работодавачот не знае кој работник колкаво дете има, дали има потреба работничката или работникот да остане дома, за тоа и го кажуваме ова да се најави отсуството, да се однесат потврдите, се дава изјава, појаснува Ампева.

Очекува Министерството за труд и социјална политика, Државниот трудов инспекторат и работодавачите по одржување на Националниот социјално-економски совет да излезат со став за плаќањето на отсуствата на работниците во приватниот сектор.

-Во овој период многу е важно работничките и работниците да не ги изигруваат на некој начин овие препораки, но ниту пак и работодавачите да мислат дека ова за нив не важи, вели Ампева.

Како што вели, сите препораки кои се објавуваат од страна на Министерството за здравство се објавуваат и на социјалните мрежи, од нивна страна, како граѓанска организација.  Најважно е, порачува, да не се злоупотребуваат мерките од ниту една страна и сите да бидат одговорни.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more
 

Вести

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе