„Гласен текстилец“ ќе го оспори Законот за недела неработен ден

„Класична манипулација е законот недела неработен ден за работниците“, оцени Кристина Ампева од „Гласен текстилец“-Штип, кое како здружение низ годините бараше и е иницијатор за прогласување на недела неработен ден.

Освен 37 дејности кои можат да работат во недела, во законот нема дадено и автентично толкување за фирмите кои имаат карактер на придружни или помошни дејности, кои можат да работат во недела.

-Во приватниот сектор ние немаме евиденција за работно време и затоа сметам дека ова сега што се продава од страна на Сојузот на синдикати, како социјален партнер, е само продавање магла. Значи, недела не е неработен ден, туку ќе биде работен ден и тоа за многу дејности, дополнително е и што нема автентично толкување, кои се тие помошни, придружни дејности. Можат да произлезат уште 100 од нив и фактички ќе биде легално прекршување на работничките права во име на профитот, вели Ампева.

Забележува дека како „Гласен текстилец“ се труделе недела да биде навистина неработен ден и овој Закон не го гледа како подобрување на работничките права, туку спротивното. Очекува злоупотреби од страна на одредени работодавци, каков што и беше примерот со злопоупотребата на  субвенциите за плати во првите сет-мерки, а истите фирми си продолжуваат и во петтиот и остануваат неказнети.

Решение за компаниите навистина да го почитуваат недела неработен ден е конечно да се поврзат електронски за евиденција на работното време со УЈП, дотогаш, според Ампева, ова е класична манипулација.

Порача дека „Гласен текстилец“ заедно со други здруженија и синдикати ќе го оспори Законот на Уставен суд. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе