Гласините сѐ посилни: Зидан во ПСЖ, Почетино во Јунајтед

Откако Манчестер Јунајтед го отпушти Солскјер се очекуваат рокади на едни од најпознатите тренери на денешницата.

Откако Зинедин Зидан експресно одби да биде замената на Оле Гунар Солскјер во Манчестер Јунајтед, а тој патем е слободен агент откако си замина од Реал Мадрид, сега сѐ повеќе се интензивираат шпекулациите дека ќе седне на клупата на ПСЖ.

Зидан конечно би се вратил во татковината каде последен пат со фудбал се занимаваше во 1996 година кога како млад фудбалер ги бранеше боите на Бордо, пред летото истата година да се пресели во Јувентус. Оттогаш ниту играл, ниту бил тренер во Франција.

Како тренер почна во 2013 во Реал како асистент и оттогаш во неколку наврати беше само во тој клуб. Сега, се очекува конечно да се врати во Франција и да го преземе ѕвездениот тим на ПСЖ, каде ќе треба да се справи во фантастичниот напад кој го сочинуваат Меси, Нејмар и Мбапе, а на клупата е Икарди.

ПСЖ има договор со Маурисио Почетино, но Аргентинецот веќе почна да флертува со управата на „Црвените ѓаволи“. Очигледно е дека Почетино повеќе го привлекува островскиот фудбал, а воедно и тешко се справува со купот ѕвезди во Париз кои никако да заиграат како што се очекува.

Но, Почетино ќе мора побрзо да се договори со Јунајтед бидејќи од таму веќе стапуваат во контакт и со други тренери. The Sun тврди дека клубот од Манчестер веќе разговарал со Брендан Роџерс, кој е на чело на Лестер. Тој има договор со клубот и затоа „Ѓаволите“ се подготвени да ги обештетат „Лисиците“ со 8 милиони фунти за северноирскиот стратег веднаш да седне на жешкото столче на „Олд Трафорд“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Read more

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Read more
 

Спорт

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе
  • play_arrow

Падна светскиот рекорд во маратон

Читај повеќе