Живот

Гласот на Стивен Хокинг патува кон црна дупка оддалечена 3.500 светлосни години

18. јуни 2018 - 9:48 | А.С.

Официјалното испраќање на еден од најценетите научници на нашето време, Стивен Хокинг, кој почина на 14 март во неговиот дом во Кембриџ на 77 години, се одржа на 21 март во универзитетската црква Света Марија во Кембриџ.

Урната со пепелта на астрофизичарот беше положена во петокот покрај гробовите на научните великани Исак Њутон и Чарлс Дарвин во Вестминтер Еби во Лондон, а снимка со неговиот компјутерски синтетизиран глас беше испратена во вселената.

Европската вселенска агенција (ESA)  ја ипрати шестминутната снимка со компјутерски синтетизираниот глас на Хокинг, во склоп со музика на грчкиот музичар и композитор Вангелис, кон црната дупка 1A 0620-00, која е најблиску до Земјата.

Марк МекКохрен од ESA изјави дека делото е долго околу шест и пол минути и дека гласот на Хокинг се појавува некаде на средината. Тој рече дека се работи за прилично мрачна порака за тоа дека луѓето треба повеќе да се грижат за планетата Земја.

Научниците ја пратија пораката од Себрерос, центреална Шпанија кон црната дупка што е оддалечена 3.500 светлосни години од Земјата.

1A 0620-00 е една од најпознатите црни дупки во вселената.

„Ова е многу убав гест, симболичен... Прави поврзаност меѓу присутноста на нашиот татко на оваа планета, неговата желба еден ден да отпатува во вселената и неговиот истражувачки труд“, рече ќерката на Хокинг, Луси.

„Ова е порака за мир и надеж, порака за единство и потребата сите да живееме во хармонија и мир на нашата планета.“

Коментирај