Главен адут на новиот iPhone е камерата, но дали тоа е доволно?

Смартфоните се веќе досадни. Секоја година остануваат скапи, а имаат минимални надоградувања. И телефоните на iPhone не се поинакви. Најголемата новост кај iPhone 11, 11 Pro and 11 Pro Max е само камерата.

Apple воведе неколку надоградби кои треба да ни го подобрат животот, но се работи за такви надоградувања кои обичниот човек најверојатно нема воопшто да ги забележи. Тоа се: нов процесор, нешто подобрен екран, подобрена истрајност на батеријата и стакло кое потешко се оштетува. Единствените кои имаат забележително подобрување се новите iPhone 11 Pro and Pro Max и тоа поради тројната камера.

Веднаш откако излегоа, на социјалните мрежи се појавија еден куп зафрканции за изгледот на камерата. Освен камерата, телефонот не нуди скоро ништо ново па така поседувањето на телефон од новата генерација нема да ви донесе никакво внимание.

Тоа е поради тоа што еден iPhone 8 премногу личи на iPhone 11 па никој нема да забележи дека го поседувате токму најновиот модел. Освен ако не му се пофалите со тројната камера.

Apple навистина треба да се потруди за наредниот iPhone да не биде само продолжение на оваа веќе досадна низа на слични телефони.

реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе