Мобилни

Главен адут на новиот Samsung Galaxy S10 ќе биде „револуционерната“ камера

13. декември 2018 - 16:04 | К.З.

Една од највпечатливите карактеристики кај новиот флегшип телефони на Samsung, засега наречен Galaxy S10, ќе биде камерата, која инсајдерите ја опишуваат како „неверојатна и револуционерна за смартфон индустријата“.

Новата камера беше забележана во бета верзија на оперативниот систем Android Pie, кој вклучува опција за Ultra wide lens correction во нагодувањата на камерата.

„Со модот Ultra wide lens correction можете да ја зачувате фотографијата притоа корегирајќи ја дисторзијата на позадината или пак на личноста/предметот кој се наоѓа на неа“, пишува во извештајот.

Тоа укажува на постоење на камера со ултра-широки леќи, кои со сигурност ќе придонесат кон далеку поголем квалитет на фотографиите. Неколку извештаи досега пишуваа за системот од неколку леќи кој ќе го има новиот Galaxy S10 на предниот и на задниот дел од смартфонот.

Минатиот месец беше најавено дека Samsung Galaxy S10 ќе има двојно повеќе камери од флегшип моделот на нивниот конкурент Apple. Последниот iPhone имаше две камери, по една на двете страни од телефонот, додека Galaxy S10 се очекува да има по две камери на двете страни.

Како и голем број од телефоните кои беа претставени во последниот период, Samsung Galaxy S10 би требало да се појави на пазарот со „дупка“ во екранот.

Коментирај