Главниот директор на Google бара законска рамка за вештачката интелигенција

Сундар Пичаи, извршниот директор на Google и Alphabet од Брисел денеска порача дека е потребна глобална регулација на вештачката интелигенција.

- Иако вештачката интелигенција ветува огромни бенефити за Европа и светот, постои сериозна загриженост за потенцијалните негативни последици на вештачката интелигенција, изјави Пичаи на настан организиран од економскиот тинк-тенк, Бругел во Брисел.

Во прашање е, меѓудругото, развојот на технологиите како препознавање на лица „дип фејк“, односно капацитетот на технологијата за модифицирање на гласот.

Првиот човек на Google смета дека технологијата може да биде злоупотребена и дека нејзините „нус ефекти“ треба да се превенираат.

Според него, постоечката законска рамка на Европската Унија за заштита на личните податоци, позната како ГДПР, може да биде добра основа за регулирање на областа на вештачката интелигенција смета тој.

Засега ЕУ е единствениот регион на светот со ваква проактивна заштита на личните податоци. Пичаи денеска повика на усогласеност на меѓународно ниво во однос на регулацијата, но ЕУ и САД имаат многу различен пристап кон овие прашање.

Европската Комисија треба во текот на наредните денови да обелодени нова стратегија за регулирање на вештачката интелигенција за наредните пет години.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе