Главниот дизајнер на Apple ја напушта компанијата по 30 години

По скоро 30 години, Apple најави дека главниот директор за дизајн, Џони Ајв, ќе ја напушти компанијата поради лични причини. Иако Apple го губи еден од најважните и најдобри индустриски дизајнери во светот, сепак работите не се така лоши за американскиот гигант.

„Џони е многу важна фигура во светот на дизајнот и неговата улога на Apple не може да биде опишана со зборови. Од 1998 година и револуционерниот дизајн за iMac и iPhone, тој вложи многу енергија и работа во Apple“, изјави Тим Кук, извршниот директор на компанијата.

Неговото заминување се должи на одлуката тој да отвори сопствена компанија за дизајн. И покрај тоа што веќе нема да фигурира како вработен во Apple, од компанијата најавија дека двете страни ќе ја продолжат соработката и Ајв ќе биде вклучен во некои од следните проекти на Apple.

„Apple ќе продолжи да има корист од талентот на Џони Ајв преку директна соработка со него, но и со дизајнерскиот тим кој тој го состави. По толку години заедничка работа, среќен сум дека нашиот однос продолжува да се развива и се надевам на соработка во иднина“, додаде Тим Кук.

Со овие промени, беше најавено дека дизајнерскиот тим на Apple отсега ќе одговора пред Џеф Вилијамс, главниот извршен менаџер на компанијата. Токму Вилијамс имаше многу важна улога во дизајнот и развојот на Apple Watch низ годините.

За време на неговиот ангажман во Apple, Џони Ајв работеше на еден куп проекти како iPod, iPhone, iPad, Apple Watch и нивните полначи, додатоци и слично. Неговата нова компанија го носи името LoveFrom, а заедно со него во тимот ќе биде и Марк Њусон.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Вести

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Read more

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Читај повеќе

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе