Гледач ја навредуваше Ига Швјонтек на тренинг, тенисерката доби дополнително обезбедување

Полската тенисерка Ига Швјонтек доби дополнително обезбедување откако гледач на Мајами опен вербално ја малтретираше петкратната победничка на турнирот за време на тренингот минатиот викенд, објави BBC.

Мажот извикувал лични навреди за семејството на Швјонтек, а претходно ѝ испраќал навредливи пораки преку социјалните мрежи.

BBC објави дека тимот на светскиот рекет број два го пријавил инцидентот и дека организаторите на турнирот и ВТА спровеле дополнителни безбедносни мерки околу Полјачката, која денеска се соочи со филипинската тенисерка Александра Еала во четвртфиналето.

„Безбедноста е врвен приоритет. Ја следиме мрежата за да ги откриеме ваквите проблеми“, изјави портпаролот на полската тенисерка.

„Конструктивната критика е една работа, но заканите, говорот на омраза или дури и нарушувањето за време на тренинге друго - тоа не може да се прости.“

Инцидентот во Мајами се случи нешто повеќе од еден месец откако еден гледач беше отстранет од турнирот во Дубаи, откако ја вознемири шампионката на УС Опен од 2021 година, Ема Радукана.

реклама

Тенис

Ѓоковиќ поразен на стартот од Монте Карло

Read more

Навредливи графити кон Ѓоковиќ се појавија низ Србија

Read more

Нов шок во тенисот: Тенисери и тенисерки им се заканија на грен слем турнирите

Read more

Чешки тинејџер го сопре Ѓоковиќ на патот кон 100-тата титула во кариерата

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ го напушта Милано?

Читај повеќе

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Читај повеќе

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Читај повеќе
  • play_arrow

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Читај повеќе

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Читај повеќе
  • play_arrow

Бизарна врска: Клупската членска цело време го криела времето на смртта на папата?

Читај повеќе

Каква улога ќе има Модриќ во Свонси?

Читај повеќе

Marca: Ал Наср подготвува тим од соништата

Читај повеќе

Барселона без Левандовски против Реал и Интер?

Читај повеќе