Гледачите гласаа која ТВ-серија го има најлошиот крај на сите времиња

Bo McCready ги објави резултатите од истражувањето за тоа која телевизиска серија го има најлошиот крај на сите времиња, а резултатите може да ве изненадат.

Тој ги спореди просечните оценки на епизодите со оценките за последните епизоди на IMDb. На прво место е серијата House of Cards. Последната сезона од оваа серија беше објавена по заминувањето на Кевин Спејси поради обвинувања за сексуална злоупотреба.

Последната епизода, која се емитуваше на 2 септември 2018 година, доби 2,6 од 10 оценки од гледачите на IMDb, што е за шокантни 55 проценти помалку од просечната оцена на епизодата од 8,1.

Даг Стампер ѝ признава на Клер Хејл дека го отрул нејзиниот сопруг Френк Андервуд откако дознал дека планира да ја убие. Клер потоа го избоде Даг до смрт. Многу гледачи изјавија дека се разочарани од епизодата.

„Каков ужасен крај. Повеќе би сакал да го гледам Дејвид Атенборо како зборува до бескрај“, гласи еден коментар.

Второто место го зазеде аниме серијата The Promised Neverland. Во последната епизода, која беше објавена на 26 март 2021 година, главниот лик Ема го жртвува споменот на своето семејство за демоните да не ги изедат нејзините деца. Додека просечната епизода е оценета со 8/10 на IMDb, финалето доби оцена од 2,8.

На третото место е крајот на серијата Game of Thrones, објавена на 19 мај 2019 година. Додека серијата имаше висока просечна оцена од 8,8, финалето доби оцена 4.

Последната епизода заврши со очекуваната смрт на Денерис Таргариен, и прилично симболичното уништување на Железниот трон.

„Оваа драма се претвори во ситком, но не во ситком на HBO, туку во евтина верзија на истиот“, напиша The Atlantic.

Remote video URL

На листата се наоѓаат последните епизоди од сериите Killing Eve, Dexter, Two and a Half Men, Ragnarok, Power, Bloodline и MythBusters.

Тагови
реклама

Спанаќ за само 10 минути

Read more

Социјалните мрежи преполни со поздравот на Маск

Read more

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Read more

Русија до Америка: Не ни помислувајте да го преземете Панамскиот Канал

Read more

Филм & ТВ

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Read more

Деми Мур објасни како всушност се изговара нејзиното име

Read more

Netflix има нов хит: Шведската серија The Breakthrough ќе ве закова за фотелја

Read more

Анистон откри како одржува совршена фигура во 50-тите: Ја следам методата 80/20

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Почина Џон Сајкс, гитаристот на Whitesnake и Thin Lizzy

Читај повеќе

Никол Шерзингер отпатува на Хаваи, позираше во бикини и покажа завидна фигура

Читај повеќе
  • play_arrow

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Читај повеќе
  • play_arrow

Деми Мур објасни како всушност се изговара нејзиното име

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix има нов хит: Шведската серија The Breakthrough ќе ве закова за фотелја

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Fiction – Автентична музичка фикција што допира до публиката и надвор од границите на нашата земја

Читај повеќе

Анистон откри како одржува совршена фигура во 50-тите: Ја следам методата 80/20

Читај повеќе

Џесика Алба се разведува по 17 години брак

Читај повеќе

Објавувањето на номинациите за Оскар одложено поради разорните пожари во Лос Анџелес

Читај повеќе