Популарната стриминг платформа Netflix се соочува со жестока конкуренција во последно време. Затоа мораше да направи нешто за да не испадне од трката за корисници.
Во време кога стримингот на содржини станува сѐ побаран и се појавуваат сѐ повеќе нови платформи, Netflix одлучи да понуди бесплатно гледање на оригинални содржини и за оние кои немаат профил на платформата.
Станува збор за бесплатна понуда на серии и филмови во продукција на Netflix. Треба да се напомене дека станува збор само за првите сезони од сериите, што би требало да биде доволно да за заклучите дали серијата ви се допаѓа или не, па сакате да платите за да продолжите да ја гледате.
Можете да ги гледате: Stranger Things, The Two Popes, When They See Us, Bird Box и низа други серии и филмови.
Бесплатните содржини се достапни преку ОВОЈ линк, но само ако пристапите преку пребарувач, а не преку апликацијата. Треба да се напомене дека бесплатните содржини не може да се гледаат преку iPhone уреди.