Познато е дека долгото гледање во екрани може да го оштети видот.

Ново откритие во оваа област е дека видот најмногу ни страда кога ги користиме мобилните телефони на сончеви места. УВ светлината може да предизвика акумулација на течност и затоа да доведе до отекување на мрежницата. Научниците неодамна го открија ова кај двајца пациенти кои претрпеле делумно губење на видот откако користеле мобилни телефони на сонце.
Една пациентка го користела смартфонот додека лежела на плажа, а друг пациент го користел на скијачка патека. Нивното делумно слепило било предизвикано од гледање во мобилниот додека биле на сонце, а им била дијагностицирана соларна макулопатија.
Оваа состојба најчесто се јавува поради директно гледање во сонце, но сега е утврдено дека може да настане и поради гледање во мобилен телефон додека сонцето се рефлектира од него. Добрата вест е што можеме да се заштитиме и од ова со користење на очила за сонце со соодветна заштита на стаклото.