Љубов и секс

Гледање филм, јадење или пијачки на шанк: Навиките откриваат каква ви е врската

8. октомври 2018 - 19:07 |

Кога сте во долгорочна врска, многу лесно влегувате во рутина кога бирате како ќе ја поминете вечерта со партнерот. Сигурно имате „проверена варијанта“ за тоа што најчесто го правите кога сте заедно, за да заштедите време и нерви после долг ден на факултет или на работа.

Најважно ви е времето да го поминете заедно и со ваквиот избор одите на сигурно бидејќи знаете дека тоа ви причинува задоволство и на двајцата. Но, овие рутини исто така откриваат во каква состојба ви е врската и каде води во иднина.

Саманта Бернс, терапевт за двојки и авторка на книгата „Breaking Up & Bouncing Back“ открива што значи ова повторливо однесување за вас како двојка и за вашата иднина.

Ако најчесто гледате филм/серија

Вака најверојатно ја поминувате речиси секоја друга вечер, па и вечерта одвоена за специјално за романтичен состанок на крај се сведува на дремење пред екран и не е ништо посебно специјално или возбудливо, вели Бернс.

Таа вели дека ваквите вечери треба да ги ограничите на ситуации кога немате голем буџет на располагање или кога е лошо времето. Бидејќи не бара многу планирање, дотерување и општо вложување напор ни од едниот, ни од другиот, тоа значи дека веќе не се трудите. Ако сакате да одбегнете да се земете „здраво за готово“ со партнерот, како и да одбегнете поголеми проблеми со интимноста и посветеноста во иднина, посветете време и внимание на вечерите што ги одвојувате да ги поминете со саканата личност.

Ако најчесто излегувате да јадете

Бернс вели дека ако вашиот типичен дејт е одење во ресторан, тоа е барем за нијанса подобро од седењето дома.

„Одењето на друга локација, седењето во поинаков амбиент и бирањето нова храна е некаков новитет, пробувате нешто поинакво заедно и ја делите вашата заедничка страст – храната. Одењето во ресторан бара планирање однапред, ве инспирира да побарате нешто поразлично, да се дотерате и да разговарате за нешто друго“, вели Бернс.

Тоа значи дека сте подготвени да истражувате нови работи заедно и не се плашите од промена. Ако секогаш одите на истото место да јадете, тогаш го имате истиот проблем како оние што седат дома.

Ако најчесто излегувате на пијачка

Бернс смета дека ако најчесто се договарате да се најдете на шанк и да пиете, тоа не е многу добар знак.

„Едно е да се опуштите со чаша вино или пиво, но ако ви е потребно да се опиете или да бидете во таква атмосфера за да може да разговарате или да имате за што да разговарате со партнерот, тоа значи дека имате проблем со интимноста или ги покривате другите проблеми во врската со навидум добра забава“, вели Бернс.

Ако згора на сѐ на ваквите излегувања скоро секогаш сте со друштво, а не сами, дефинитивно не правите напори да одвоите време и внимание само за партнерот. Научете да ги балансирате пријателите и партнерот за да може да сфатите дали навистина ви одговара таа личност и можете да поминете време со неа насамо.

Бернс предлага во секој случај да вложите напори вечерите одвоени за дејт да бидат пријатни и забавни и за двајцата и тоа да биде време што ќе ве возбуди, ќе ве инспирира и ќе ве охрабри да работите на врската.

Коментирај