Гледаноста на Оскарите се подобри, но сепак е далеку од „златните денови“

Свеченоста за доделување на наградите на Академијата за филмска уметност и наука годинава ја прекина низата на разнишана гледаност и стигна до бројка од 29,6 милиони гледачи на директниот пренос.

Тоа е зголемување од 12 проценти во споредба со лани, но сепак е далеку од „златните години“ и е втората најслаба гледаност во историјата на Оскарите.

Во 2018 година настанот го следеа само 26,5 милиони гледачи, бројка што ги запали алармите во ABC и во Академијата.

Годинава меѓу номинираните имаше повеќе филмови што беа хитови на боксофисот, во споредба со изминатите години.

Тоа пак, придонесе за бурни дискусии и контроверзи околу тоа колку беше заслужен Оскарот за најдобар филм за „Green Book“, но и за незаборавен оскаровски момент – настапот на Лејди Гага и Бредли Купер со наградената песна „Shallow“ од филмот „A Star Is Born“.

Годинава ќе биде запаметена и по тоа дека немаше водител, иако свечено отворање сепак имаше – Тина Феј, Ејми Полер и Маја Рудолф ја отворија вечерта.

Доделувањето на Оскарите сепак е најгледаната забавна програма во годината во САД, по Супербоул. Гледаноста на доделувањето на златните статуетки псотепено опаѓа откако го достигна врвот од 43,7 милиони гледачи во 2014 година, покажуваат статистичките податоци на Nielsen.

Најбројна публика имаше изданието од 1998 година, кога за најдобар филм беше прогласен „Titanic“. Тогаш шоуто го проследија 55,2 милиони гледачи.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Филм & ТВ

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more
 

Сцена

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе