Менди Харви го изгубила слухот пред 10 години, но тоа не ја спречило да создава музика.
29-годишната девојка се пријави на шоуто за таленти America’s Got Talent и ја раскажа нејзината приказна. Таа била студентка по музика кога се разболела од дегенеративна болест на нервите што резултирала со губење на слухот.
Прво била потиштена и разочарана, но наскоро нашла начин како повторно да се поврзе со музиката во себе и да пее и свири повторно.
Таа користи вибрации, визуелни штимери, мускулна меморија и талентот за музика што го има во себе за да создава музика.
Пред панелот судии предводен од Сајмон Кауел таа ја испеа песната Try што сама ја напишала за нејзината борба и ги освои срцата на целата јавност.
Изведбата ѝ донесе Golden Buzzer што значи дека оди директно во делот со настапи во живо, прескокнувајќи ги другите кругови за елиминација во шоуто.