Фудбал
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Го избегна обезбедувањето и доби селфи со Роналдо

15. ноември 2019 - 14:08 | Ф.З.

Навивач влета на теренот на дуелот со Литванија, дојде до Роналдо, а ѕвездата прво направи селфи па му дозволи на обезбедувањето да го тргне.

Уште еден фудбалски фан успеа да го мине обезбедувањрето и да дојде до Кристијано Роналдо. Тоа се случи на синоќешниот натпревар помеѓу Португалија и Литванија кога навивач во дрес на Јувентус успеа да дотрча до Роналдо.

Обезбедувањето го стигна, но фудбалерот реши да го награди навивачот и му дозволи да направат селфи слика. Среќниот навивач потоа со солзи во очите замина со обезбедувањето.

Овој влез на терен ќе го чини кривична пријава и веројатно неколкумесечна забрана за посета на стадионите.

Роналдо на натпреварот послави хет-трик, а Португалија победи со високи 6:0.

Коментирај