според листата на deloitte

Го надмина ривалот Реал - Барселона е најбогат фудбалски клуб

Барселона се најде на првото место на листата на најбогатите фудбалски тимови во светот Deloitte Football Money League (DFML), преминувајќи ја сегашната бариера од 800 милиони евра, создавајќи рекордни приходи од 841 милиони евра минатата година.

Добивката на тимот е скоро 10% поголема од нивниот ривал Реал Мадрид (757,3 милиони евра), кои остануваат на второ место во пласманот. Ова е исто така најголемата разлика во приходите помеѓу првиот и вториот тим откако се објавува извештајот на Deloitte.

Манчестер Jунајтед (711,5 милиони евра) – трет, останува највисоко пласиран англиски клуб на годишното рангирање на Deloitte.

Баерн Минхен (660,1 милиони евра) ја зазеде четвртата позиција, а Пари Сен Жермен (635,9 милиони евра) влегува во првите пет на сметка на Манчестер Сити (610,6 милиони евра), кој паѓа на шесто место. Тотенхем е осми, што е највисоката позиција што клубот ја зазел досега. Тој се најде пред Арсенал и Челзи и стана екипа со најголеми приходи во Лондон за првпат од 1996/97 година.

Јувентус, во меѓувреме, се врати во првите 10 на листата на Deloitte благодарение на потписот со Кристијано Роналдо. Суперѕвездата на Португалија, кој може да се пофали со повеќе следбеници на Instagram од Барселона и Реал Мадрид, му помага на Јуве да постигне комерцијален раст преку поголема видливост на брендот.

Севкупно, екипите на првите 20 позиции по приходи остануваат релативно стабилни, откако само два нови учесници се приклучија во однос на минатата година – Лион се најде на 17-тото место (се искачи од 28-та позиција) и Наполи го зазеде 20-тото место (од 21-ви минатата година).

20-те клубови со највеќе приходи во светот достигнуваат рекордни 9,3 милијарди евра комбиниран приход во 2018/19 година, што претставува раст од 11% од претходната година.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more
 

Спорт

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе