БУНДЕСЛИГА 2022/2023

Го нема Лева - нема голови: Никој не постигна ни 20 гола во Бундеслигата

Филип Здравески
/ 29.05.2023 / 14:09

По шокантниот расплет сезонава во германската елита и новата титула на Баерн, остана само да се поделат наградите за најдобрите.

Откако во Бундеслигата повеќе ја нема гол-машината Роберт Левандовски, тоа драстично се одразува и на изгледот на листата на стрелци на крајот од сезоната. Замислете, ниту еден голгетер не успеа да стигне до границата од 20 постигнати гола. Минатата сезона најдобар стрелец беше Левандовски со, внимавајте, 35 голови.

Наградата за најдобар голгетер ја поделија двајца играчи, кои успеаја да постигнат по скромни 16 голови. Тоа се 30-годишниот Никлас Филкруг од Вердер и 25-годишниот Кристофер Нкунку од Лајпциг.

Зад нив се Рандал Коло Муани од Ајнтрахт и Винченцо Грифо од Фрајбург со по 15 голови, а трет со 14 е Серж Гнабри од Баерн.

И борбата за најдобар стрелец имаше драматична завршница. Филкруг во последното коло влезе како лидер со два гола пред Нкунку, Коло Муани и Грифо, но не успеа да постигне гол на гостувањето кај Унион Берлин. Нкунку уште во првиот дел му даде гол на Шалке, а иако победата беше веќе обезбедена, во 4. минута од надополнувањете погоди усште еднаш со што се израмни со Филкруг. Коло Муани и Грифо постигнаа само по еден гол во нивниот последен натпревар, кој патем го играа еден против друг.

Статистички гледано, Филкруг 16-те гола ги постигна на 28 натпревари, а 5 му беа од пенал. Со одиграни 2.477 минути тој сезонава погодуваше во просек на секои 155 минути, или 0,57 голови по натпревар. Запиша и 5 асистенции.

Нкунку тука е подобар. Тој одигра 25 натпревари и од пенал погоди 3 пати. Во просек даваше гол на секои 118 минути од одиграните вкупно 1.891, а стрелаше просечно по 0,64 голови по натпревар. Запиша 6 асистенции.

Споредба на најдобриот стрелец во Бундеслигата со другите од топ 5 лигите:

Премиер лига: 36 гола Ерлинг Холанд (Манчестер Сити)
Лиг 1: 28 гола Килјан Мбапе (ПСЖ)
Серија А: 25 гола Виктор Осимхен (Наполи)
Ла Лига: 23 гола Роберт Левандовски (Барселона)
Бундеслига: 23 гола Никлас Филкруг (Вердер) и Кристофер Нкунку (Лајпциг)

Забелешка: Во Лиг 1, Серија А и Ла Лига има уште едно коло да се одигра, што значи дека конечниот број на голови може да претрпи промена.

Тагови
реклама

Што треба да правите секој ден за да го стопите салото на стомакот?

Read more

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Read more

Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Фудбал

Реал вината за дерби поразот ја најде во судиите

Read more

Интервју по натпревар

Read more

Леау: Саудиските пари? Борбата во Лигата на шампиони вреди повеќе!

Read more

За кој клуб навива УФЦ шампионот Алекс Волкановски?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Реал вината за дерби поразот ја најде во судиите

Читај повеќе
  • play_arrow

Интервју по натпревар

Читај повеќе

Леау: Саудиските пари? Борбата во Лигата на шампиони вреди повеќе!

Читај повеќе

За кој клуб навива УФЦ шампионот Алекс Волкановски?

Читај повеќе
  • play_arrow

Анчелоти самокритичен: Поразот од Атлетико е само моја вина

Читај повеќе
  • play_arrow

Џанг спектакуларно го нокаутира Џојс

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо во арапска носија изведе бедуински танц со меч

Читај повеќе

Mundo Deportivo: Модриќ наскоро ќе биде во тимот на Меси

Читај повеќе

Томас Милер има 100 победи во ЛШ

Читај повеќе