Го подобрува варењето, ги зајакнува коските – зошто треба да јадете киви?

Кивито се смета за една од најпопуларните намирници, богато е со витамини и други хранливи состојки.

Кивито го зајакнува имунитетот, го регулира крвниот притисок и варењето, помага во лечење на респираторни заболувања, главоболка и стрес. Многу е вкусно и здраво, полно е со витамин Ц, А, Е, К и Б комплекс, како и минерали – калиум, калциум, фосфор, магнезиум.

Со редовното консумирање на киви се намалува количината на триглицериди во крвта за 15 отсто, а ова овошје помага за одржување на здравјето на коските, заздравување на раните, а позитивно влијае и на дигестивниот систем бидејќи ја одржува рамнотежата меѓу добрите и лошите бактерии во цревата.

Го ублажува стресот

Кивито е идеално овошје за модерното општество во кое живееме. Поради големата количина на витамин Ц, го ублажува стресот и вознемиреноста.

Го подобрува варењето – кивито спречува гастритис.

Со оглед на тоа дека содржи многу вода, кивото е идеално доколку сте на диета за да го исфрлите вишокот течности од организмот.

Ја подобрува циркулацијата

Витамин Е и омега 3 и 6 масни киселини спречуваат згрутчување на крвта и го подобруваат здравјето на артериите. На овој начин се спречува појава на тромб, па затоа кивито е идеално за спречување на срцев удар и оштетување на мозокот.

Ги зајакнува коските

Минералите кои се присутни во кивото помагаат за побрзо зараснување на коските при кршење и го подобруваат функционирањето на нервниот систем.

Го зајакнуваат имунолошкиот систем

Покрај витаминот Ц, големата количина на фолна киселина која се содржи во кивито го зајакнува имунолошкиот систем и ве чува од настинки и грип.

Кој не смее да консумира киви?

Луѓето кои имаат проблеми со бубрезите не смеат да јадат киви бидејќи тоа може да биде причина за создавање камење и песок.  

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе