Го продолжуваат животот: 4 задолжителни прегледи за мажи

Податоците покажуваат дека мажите живеат пократко, почесто се разболуваат, повеќе консумираат алкохол и психоактивни супстанци. Кога на тоа ќе се додаде фактот дека мажите работат потешки и поопасни работи и поретко одат на лекар, не е чудно што живеат дури пет години пократко од жените.

Истражувањата покажуваат дека речиси 100.000 мажи годишно умираат пред да наполнат 75 години, наспроти 60.000 жени.

Според најновите студии од Обединетото Кралство, вкупно 22% од мажите умираат пред 65-годишна возраст, наспроти 13% од жените, а 42% умираат пред 75-тата година, наспроти 26% од жените.

Сепак, статистиката е охрабрувачка бидејќи покажува дека мажите родени во 2006 година ќе живеат 3,6 години подолго, а жените 1,9 години повеќе од оние родени во 1990 година.

За да го подобрат своето здравје и да спречат прерана смрт, мажите треба редовно да одат на овие превентивни прегледи:

Колоноскопија

Испитувањето на дебелото црево е многу важно, особено по 50-тата година од животот, бидејќи ракот на дебелото црево е едно од најчестите малигни заболувања, а многу почесто ги погодува мажите отколку жените. Една од причините е што мажите доцна се јавуваат на лекар по симптомите, а поретко одат на колоноскопија. Доколку постои семејна предиспозиција за оваа лоша болест, треба да одите на колоноскопија по 30-тата година од животот.

Сексуално преносливи болести

Тестирањето за сексуално преносливи болести е важно, бидејќи тие можат долго да се кријат во телото, па дури и да предизвикаат прерана смрт. Важно е да се напомене дека сите луѓе, особено мажите кои се повеќе склони кон поголеми сексуални слободи, на возраст од 16 до 65 години, треба да се тестираат за ХИВ и хепатитис барем еднаш во животот, а почесто ако имале сексуални односи без заштита.

Телесна тежина

Иако на повеќето луѓе не им треба лекар за да ја забележат дебелината, добро е лекарот да го пресмета индексот на телесна маса или БМИ. Од 18,5 до 24,9 се сметаат за нормални, додека сè над тоа носи поголем ризик и потреба од почести лекарски прегледи.

Ниво на холестерол

Американското здружение за срцево здравје советува дека мажите по 20-годишна возраст треба редовно да го проверуваат нивото на холестерол во крвта, и тоа на секои шест години. Според лекарите, оваа вредност е важен показател за состојбата на крвните садови, како и за ризикот од мозочен и срцев удар. Мажите многу почесто заболуваат од срцеви заболувања, а повеќето од нив успешно се лекуваат доколку се забележат на време.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Здравје

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Куркума, бибер и ѓумбир - комбинација од зачини полна здравје

Read more
 

Магазин

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Читај повеќе

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Читај повеќе