Го распнаа Васил поради баба му од Пиринска Македонија

Деновиве цел на негативни напади е македонскиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев, поради тоа што е еден од оние кои имаат бугарски пасош.

Нападите врз македонскиот претставник започнаа веднаш по објавувањето на спотот за песната „Here I stand“ на 11-ти месецов. На спотот снимен во ликовната галерија Даут-пашин амам во Старата скопска чаршија во кадар влегува и уметничката поставка наречена „Омаж на Андреј Рубљов“ поставена уште во 1995 година и создадена во комбинирана техника на иверка со големина од 210х275 сантиметри, а дело на Жанета Вангели. Токму оваа поставка го запали оганот.

На многумина ова дело им личеше на бугарско знаме. Инаку, бугарското знаме е хоризонтално, а не вертикално. Но, ајде. Самото тоа што толку народ се насанка на ова дело е само доказ за примитивноста на македонското население, за луѓе кои очигледно во животот не ни стапнале во галеријата Даут-пашин амам. Веројатно и не ни знаат да ја најдат каде е, па освен со помош на Google Maps би се загубиле низ градот барајќи ја. Арно ама, сега излегоа и вексилолози, ако знаат што значи овој збор.

Remote video URL

За последен пат, поставката нема допирна точка со Бугарија и нејзините национални симболи. Реакцијата на поставката е само немил доказ за ниската култура на македонското општество, на луѓе кои попрво гледаат бугарштина отколку уметност.

Нејсе, Васил додатно сам фрли масло на веќе распламтениот оган со неговата изјава дека поседува бугарски пасош. На гостување во некоја емисија за Евровизија, откри дека покрај македонското поседува и бугарско државјанство. Водителот го праша како станал државјанин на нашиот источен сосед, па Васил ја реши и таа мистерија.

„Струмица е многу блиску до бугарската граница, па роднина на мојата баба е роден од таа страна од границата“, објасни тој, иако малку нејасно дали станува збор за баба му или за некој друг роднина.

Во ниту еден момент Васил не рече дека има бугарско потекло. А, патем, сите би требало досега да знаат дека на другата страна на границата од Струмица е Пиринска Македонија, дел од Македонија кој е окупиран од Бугарија уште од Баланските војни и каде сѐ уште живеат Македонци, иако бугарската власт упорно одбива да ги признае.

Васил откри и дека бугарско државјанство неговото семејство извадило уште пред 20-ина години токму на основа на тоа што овој негов роднина е роден на бугарска територија.

Remote video URL

Дали Васил е Бугарин бидејќи има бугарски пасош? Ако е така, тогаш што правиме со тие 100 илјади, или колку и да се, Македонци кои имаат бугарски пасоши? Дали сите тие на сила ќе ги направиме Бугари? Апсолутно не. Многу добро на сите ни е јасно зошто граѓаните на оваа земја ги земаа тие пасоши кои бугарската власт како бомбони ги делеше, а по влегувањето во ЕУ беше приморана да ги зацврсти правилата. Тие не ни живеат тука, впрочем затоа и им се пасошите.

Васил во 1997 година се пресели во САД, каде по терористичките напади на 11 септември беа зацврстени условите за имиграција, па со фамилијата беше депортиран. Тука на сцена стапува бугарскиот пасош. Откако го извади, се пресели во Милано, па во Лондон, а денес живее во Торонто. Ете зошто Васил е „Бугарин“.

За просечниот македонски душегрижник, не би било лошо еден ден да тркне и до Даут-пашин амам и да види малку и уметност.

За Васил, среќен настап на Евровизија, јас секако нема да гледам бидејќи со тој циркус одамна расчистив. Гледав Санремо, одличен музички фестивал, а циркузијада во боја не ми треба. Друга тема е зошто државава фрла пари за учество на таков циркус, но за тоа во некоја друга прилика.

А, за Македонците од Пиринска Македонија - држете се и не попуштајте!

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Теми и коментари

Ден на планетата Земја: Како со нашите модни избори гласаме за иднината?

Read more

Зошто смртната казна нема да спречи свирепи убиства?

Read more

Зошто театарот ни е потребен повеќе од кога било?

Read more

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе