„Го Сакам Водно“ до Арсовска и Шилегов: Покажете гаранција за Водно

Водно е секој ден сè поблиску и поблиску до бетонирање на својата иднина. Ако навистина се искрени во ветувањата за Водно, кандидатите за градоначалник на Скопје треба да покажат дека се спремни и да ги исполнат. Нели?

Така, на само два дена пред молкот за изборот на нов градоначлник, ги повикуваме кандидатите Петре Шилегов и Данела Арсовска не само да се обврзат, туку и да направат чекор повеќе кон Водно како гаранција дека нивните намери за ВИСТИНСКИ И ЦЕЛОСНО ЗАШТИТЕНО ВОДНО се искрени.

Заложбите и апелите за носење на севкупна и функционална заштита на Водно на врвни и докажани ескперти од шумарството, хидролгоијата, инженерството, просторното планирање, клучни државни институции, видни професори и преку 32 граѓански здруженија, не успеаа да ја спречат Одлуката која отвара врата за негово брзо урбанизирање и уништување.

Сепак, заедно успеавме да се избориме за мала искра за спас, префрлајќи ја тежината во Градот, но неопходна е итна и брза реакција на оној кој ќе освои трката за градоначалник:

– Потребата од правилно зонирање на Водно е евидентна, а Градот е единствената инстанца која тоа може да го иницира и спроведе.

Затоа и ве прозиваме, Данела и Шилегов, бидејќи само ваша искрена заложба може да биде над оваа Одлука. Ако го сакате Градот, ќе имате можност да направите чекор за Водно да биде спасено, а со тоа и градот заштитен.

Инаку, Водно ќе го изгубиме.

Што треба да направи Градот?

1.) Да започне итно изработка на Просторен План на Водно како простор од посебен интерес! Тоа ќе овозможи правилно ЗОНИРАЊЕ на Водно, наспроти она предвидено во Одлуката.

2.) Toj да се додели на изработка во Агенцијата за планирање на простор, каде што експертизата преку строго дефинирани методологии ќе ги преклопи сите значења и вредности на Водно и ќе наметне режим на заштита за секоја предвидена Зона.

3.) Паралелено да се иницира постапка за носење на СПЕЦИЈАЛЕН ЗАКОН ЗА ВОДНО во Собрание.
Овој Lex Specialis ќе претставува гарант за правилното Зонирање на целата територија на Водно, соодветниот режим на заштита и ќе ги замрзне сите можни активности и носења на други планови, вклучувајќи ги и Планот за управување и урбанистичките планови или проекти, сé дури не се донесе Просторен План за Водно, како план од највисок ред.

Што очекуваме како гаранција?

Очекуваме идејна, драфт верзија на Специјалниот Закон. Очекуваме запознавање со можностите, потребните чекори и ресурси (време и пари) неопходни за Агенцијата да започне постапка за Просторен План на Водно. Можеби веќе имaте Нацрт-закон? Или, пак, сте оствариле средба со Агенцијата и упатиле барање до неа? Или пак нешто друго?

Покажете дека вашите намери се искрени. Повлечете потег кој ќе помогне Водно да не бидне само едно убаво минато, туку вистинска заштита на градот и жителите. Повелете, докажете дека тоа го можете.

Водно е нешто кое не смее никој да го предаде.

„Го Сакам Водно”

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе